10 (сериозни) тинејџерски филмови во кои ќе уживаат и возрасните
Eight Grade ќе ви покаже со што навистина се соочуваат тинејџерите во модерно време, додека 13 Going on 30 ќе ве потсети на тинејџерските денови, кога едвај чекавте да пораснете.
Иако се нарекувани тинејџерски, многу филмови од овој жанр можат да бидат вистинско уживање и за возрасните.
Дел од овие филмови обработуваат сериозни теми и нè тераат посериозно да ги сфатиме проблемите што ги имаат тинејџерите.
10 тинејџерски филмови во кои ќе уживате без разлика на возраста:
Eight Grade
Eight Grade многу добро прикажува низ што минуваат тинејџерите во модерно време.
Главниот лик е интровертната Кајла Деј која е во осмо одделение.
Последната година од основно е катастрофална за малото девојче кое само се обидува да се вклопи во нејзиното опкружување.
The Perks of Being a Wallflower
Снимен според истоимената книга, The Perks of Being a Wallflower е емотивна драма која ќе ве остави во солзи.
Чарли е 15-годишно момче чиј најдобар пријател извршил самоубиство. Поради траумата, на Чарли му е тешко да се адаптира на опкружувањето, но наоѓа двајца пријатели кои го даваат најдоброто од себе за да му помогнат.
Juno
Со Елиот Пејџ во главната улога, Juno ја раскажува приказната за млада тинејџерка која останува бремена.
Девојчето одлучува да го даде детето на посвојување, а во текот на бременоста пробува да се зближи со семејството кое ќе го згрижи детето.
Dazed and Confused
Dazed and Confused е забавна комедија што го прослави Метју Меконахи.
Дејството е сместено во 1976 година и прикажува период од средношколскиот живот на неколку тинејџери од Тексас.
The Breakfast Club
The Breakfast Club е култен филм и еден од најдобрите во својот жанр.
Главните ликови се неколку ученици кои се потполно различни и воопшто не се дружат едни со други.
Но, ќе бидат присилени да ги надминат разликите помеѓу нив откако ќе поминат еден ден во иста училница на поправна настава.