10 филмови на кои ќе заплачете, но вреди да ги изгледате
Сите некогаш сме гледале филм што нè натерал да се расплачеме дури и кога сме супер расположени. Понекогаш, плачеме толку многу, што веќе и не гледаме што се случува следно во филмот, а емотивната поврзаност со главните ликови трае и во следните денови.
Дали сте љубител на тажни, романтични филмови што ќе ја извлечат и најскриената емоција од вас?
Во продолжение се 10 безвременски филмови, на кои додека ги гледате не можете, а да не заплачете:
The Green Mile
Животот на затворскиот чувар кој ги носи престапниците од нивната ќелија до собата кај што треба да бидат погубени, ќе се смени целосно кога ќе запознае маж осуден на смрт за силување, а кој има посебна дарба.
Филмот со Том Хенкс се гледа во еден здив.
Sommersby
Оваа историска драма ја раскажува приказната за Џон Сомерсби, фармер кој оди да се бори во граѓанската војна. Тој се води како загинат, но по шест години се враќа дома.
Сега треба одново да го почне заедничкиот живот со неговата сопруга Лорел која не е среќна што Џон се вратил, бидејќи во минатото бил насилен и лош сопруг.
Message in a Bottle
Романтичната драма, снимена по романот на Николас Спаркс, никого не остава рамнодушен.
Новинарката Тереза Озборн заминува во Кејп Код откако ќе најде мистериозна порака во шише што ја исфрлил океанот. Таму го запознава вдовецот Герет Блејк, за кого претпоставува дека го напишал писмото.
The Fault in Our Stars
16-годишната Хејзел, која боледува од рак на тироидната жлезда го запознава 17-годишниот Огуст Вотерс, момче кое е во ремисија, но кое поради ракот ја загубило десната нога.
Steel Magnolias
Група жени кои живеат во мало гратче во Америка пробуваат да се справат со смртта на нивна пријателка најдобро што знаат.
Филмот кој ќе ве расплаче, е познат и по тоа што Џулија Робертс во него ја имаше својата прва голема улога.