10 емотивни филмови кои ќе допрат и до најрамнодушните
The Father е филм што ќе ви го скрши срцето, додека а A Street Cat Named Bob ќе ви даде нова надеж за животот.
Некогаш се тажни, некогаш позитивни, но некои емотивни филмови навистина можат да ги расплачат и најладнокрвните луѓе.
Ова се филмови кои неретко обработуваат тешки теми, како болест и загуба на сакана личност, но некогаш ни даваат и надеж за подобро утре.
10 емотивни филмови поради кои сигурно ќе пуштите солза:
Bridge to Terabithia
Снимен според истоимената книга, дејството на филмот се фокусира на две деца од околу 12 години кои се спријателуваат.
За да избегаат од проблемите во нивните живот, тие си замислуваат дека се во некој измислен свет, каде што постојат магија и волшебни суштества.
A Street Cat Named Bob
Снимен според вистинска приказна, A Street Cat Named Bob не само што ќе расплаче, туку и ќе направи да се вљубите во мачките.
Главниот лик е млад зависник од дрога чиј живот се менува на подобро откако вдомува улична мачка.
The Green Mile
Неколку децении по премиерата, The Green Mile, кој е снимен според истоимената книга на Стивен Кинг, важи за еден од најтажните филмови на сите времиња.
Дејството е сместено во затвор, каде што маж е погрешно осуден за силување и убиство на девојче.
Во текот на целиот филм, тој ја чека смртната казна.
Atonement
Потресен филм кој покажува колку една наивна детска лага може да влијае врз другите.
Главниот лик е млад маж кој е лажно обвинет од мало девојче дека ја силувал и убил другарка ѝ.
Поради оваа лага, тој и неговата сакана веројатно нема да го добијат заедничкиот живот по којшто копнееле.
Grave of the Fireflies
Иако станува збор за долгометражно аниме, Grave of the Fireflies е еден од најпотресните воени филмови.
Дејството е сместено во Втората светска војна, кога младо момче и неговата мала сестра пробуваат да преживеат во Јапонија.
The Road
The Road е филм кој можеби нема да ве растажи, но ќе направи да се чувствувате безнадежно.
Дејството е сместено во постапокалиптичен свет, без надеж да се подобри.
Главните ликови се татко и син кои само пробуваат да преживеат уште еден ден.
The Florida Project
Со Вилем Дефо во главната улога, The Florida Project раскажува за живот во сиромаштија преку очите на 6-годишно девојче.
Таа и мајка ѝ живеат во мотел во Флорида и едвај сврзуваат крај со крај, додека девојчето пробува да го извлече најдоброто од ситуацијата и не дозволува тешките околности да ѝ го убијат духот.
A Star is Born
Соработката на Бредли Купер и Лејди Гага може да се опише како трагична љубовна приказна.
Главниот лик е музичар со алкохолизам кој го открива талентот на млада пејачка и се вљубува во неа.
A Man Called Otto
Филмот е снимен според книгата A Man Called Ove (Човекот по име Уве) и е мошне топла приказна, иако почнува мрачно.
Главниот лик, Ото, е вдовец кој планира да изврши самоубиство.
Но, одеднаш темпото на живот му се менува откако, против своја волја, се зближува со некои од неговите соседи.
The Father
Со Ентони Хопкинс во главната улога, The Father e филм кој ќе ви го скрши срцето.
Хопкинс глуми повозрасен маж со деменција.
Она што го прави филмот уникатен е што дел од сцените се од негова перспектива, па и вие, како гледач, ќе бидете збунети и под стрес, исто како лице со деменција.
Спирова С. | Црнобело