10 филмови од 2024-та кои веројатно сте ги пропуштиле, но вреди да ги изгледате
Origin и The Promised Land се мал дел од новите филмови кои можеби не се многу популарни, но сепак ѝ се допаднаа на публиката.
Сигурни сме дека ги знаете блокбастерите од 2024 година, а веројатно и сте изгледале дел од нив.
Но, годинава имаше и други филмски премиери кои иако не привлекоа многу внимание, сепак вреди да се погледнат.
Филмови од 2024-та кои сигурно сте ги пропуштиле:
Murder and Cocktails
Главните ликови се пар чиј сосед е убиен.
Тие канат други соседи на гости со цел да откријат кој е убиецот, но набрзо наоѓаат уште едно мртво тело и повеќе не можат да веруваат на никого.
Self Reliance
Главниот лик е Томи кој прифаќа да биде дел од игра со можност да освои 1 милион долари.
Во играта, тој треба да бега од луѓе кои го ловат со цел да го убијат.
Marmalade
Затвореник почнува да му раскажува необична романтична приказна на неговиот цимер во ќелијата.
Тој зборува за грабеж на банка кој го извршил со девојка и планира да избега од затворот за да ја најде.
The Taste of Things
Главните ликови се готвачка и нејзиниот шеф кои во 20-те години што соработуваат, постепено се вљубиле еден во друг.
Сакајќи да ја освои, шефот почнува да готви за неа.
Origin
Биографски филм за животот на Изабел Вилкерсон кој го прикажува нејзиното патување низ Германија, Индија и САД со цел да ја напише нејзината книга која се фокусира на расизмот.