Пакомак-друштвото за управување со амбалажен отпад и годинава направи темелно истражување со цел да го испита пулсот на граѓаните во Македонија во однос на нивната свест кога е во прашање екологијата и селектирањето на амбалжниот отпад. Испитувањата и анкетите со 1000 испитаници од различни старосни групи, беа направени од страна на агенцијата „Квантум комуникации” и беа спроведени во февруари годинава опфаќајќи 7 градови и тоа: Скопје, Куманово, Битола, Струмица, Тетово, Штип и Охрид...