Како без нервоза, а брзо да го испеглате купот алишта којшто ве чека цела недела?
- Детали
- среда, 12 април 2017
На прсти се бројат оние кои што сакаат да потрошат повеќе од половина час на пеглање облека. Сепак, реалноста е сосема спротивна. Најчесто, неделата како ден е резервирана за пеглање, па тогаш пеглајќи алишта одеднаш се губат и неколку часа. Доколку се решиме пак секојдневно да пегламе по малку, во зависност од тоа што ќе носиме утрешниот ден, тогаш пак секојдневно губиме драгоцено време стоејќи над нашата даска за пеглање. Последните студии кои што беа извршени во САД и Европа и во кои беа вклучени илјадници луѓе откриваат дека пеглањето се наоѓа на првото место од листата на најомразени домашни обврски, додека за најголем проблем беше посочена пеглата.
Со цел пеглањето да стане лесна и посакувана домашна обврска на секого од нас, Philips ја создаде револуционерната линија на парни генератори.
Парните генератори на Philips кои што се поделени три групи: PerfectCare Compact со GC7808 и GC7831, PerfectCare Performer со GC731 и GC735 и PerfectCare Elite со GC9630 и GC9642 во себе ја имаат последната иновативна технологија. Овие парни генератори буквално го следат нашето модерно секојдневие па ни овозможуваат за само неколку моменти да пегламе најразлични видови на ткаенини и облеки.
Парните генератори во себе ја имаат комората за циклонска пареа која овозможува моќен млаз пареа, дури и на минимална температура. Оваа пареа продира во облеката, па генераторот само поминува низ парчето облека и тоа е за секунда веќе испеглано. PerfectCare линијата произведува неверојатно големо количество на пареа, а експертите велат дека лесните генератори на Philips буквално се однесуваат како професионалните пегли кои што ги имаат само хотелите и сервисите за хемиско чистење и пеглање.
Доколку ви дошло преку глава неделата да го изгубите како ден во пеглање, или пак секое утро да го почнувате со стрес и нервоза додека стоите над даската за пеглање, тогаш воопшто не треба да се размислувате. Парните генератори на Philips кои го покорија светот и за брзо станаа еден од најомилените домашни уреди на многумина, пристигнаа и во земјава.