Свечено затворање и доделување награди на 10. ИТФ „Лица без маски“
- Детали
- среда, 12 април 2017
Последниот фестивалски ден од 10. ИТФ „ЛИЦА БЕЗ МАСКИ“, ќе се одржи на сцената во Театар Комедија, со изведбата на претставата „ФАРМАТА“, во режија на Паоло Алесандри, а во изведба на театарот „Софија Амендолеа“ од Рим, Италија, со почеток од 20 часот.
-„ФАРМАТА“ е претстава што е резултат од сценски дела базирани на соработка и вербална импровизација. Низ храбра употреба на човечкото тело, звуци, гласови и измислени работи, „ФАРМАТА“ и ја претставува на публиката замислената „СТРАШНА ФАРМА“: место каде улогите на антагонистите - луѓе и животни, првично се измешани, потоа се претопуваат една во друга и создаваат едно ново застрашувачко суштество: ЅВЕР.
Во 21:45 исто така на сцената на Театар Комедија, жири комисијата во состав: Деан Дамјановски, режисер, Трајче Ѓеорѓиев, актер и Тони Димков, новинар и критичар ќе ги доделат трите награди и тоа: Гранд при за најдобра претстава во целина, Награда за најдобра режија и Награда за најдобро актерско остварување.
Билети може да се набават на касата на Универзална сала-Скопје и Театар Комедија, или со резервација на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
Скопје, 12.04.2017