Влатко Стефановски призна: Најмногу уживав со Леб и Сол! (видео)
- Детали
- понеделник, 10 април 2017
Уште едно одлично издание на најгледаното ток-шоу во Македонија - Еден на Еден. Гостуваше единствениот Македонец со Формула 1 лиценца, шампионот Игор Стефановски - Иџе, како и честиот гостин на Жаре, музичката легенда Влатко Стефановски.
Во монологот на почеток од емисијата, меѓу другото ќе се насмеете слатко со пијаните монтажи на политичарите.
Влатко Стефановски не пропушти да го круниса ова ретко тв појавување со фантастична изведба на пар македонски класици и интересна варијанта на хитот од Стиви Вондер, Superstitious.
Следната сабота во 19 и 15 часот на Телма, балканската ѕвезда Неле Карајлиќ гостува кај Жаре, а сега уживајте во емисијата со Иџе и Влатко: