Велигденски свет без граници во Skopje City Mall
- Детали
- петок, 07 април 2017
Во пресрет на Велигденските празници, нашиот најголем трговски центар, Skopje City Mall повторно ќе не зближи и ќе не изненади со богата и разновидна програма за сите генерации.
Почнувајќи од денес па сѐ до 17ти април, на приземјето во Skopje City Mall ќе биде поставена домашна фарма со вистински животни (зајаци, кокошки, пилиња и желки), на која фармерот Војо ќе ги едуцира и анимира посетителите. Фармата ќе биде отворена секој ден од 10 до 22 часот.
Од Skopje City Mall за прв пат најавуваат и уникатна изложба на велигденски јајца, на која ќе бидат презентирани уметнички и рачни изработки од 7те држави кои учествуваат на настанот. Преку работилници за обичаите и техниките на бојадисување јајца и Велигденската трпеза, посетителите ќе се запознаат со културата на овие држави. Со своја работилница први ќе се претстават Русија во сабота од 14 часот, Унгарија од 18 часот и САД во недела од 12 часот. Тие ќе ги презентираат своите велигденски обичаи, ќе објаснат како го празнуваат овој празник и што е карактеристично за нив.
“Ги бришеме границите и ја доближуваме велигденската традиција на земјите низ светот со цел да се обединиме во навидум различните, а сепак слични детали во празнување на овој заеднички празник. Тоа ќе го постигнеме преку најразлични активности: изложба на јајца, работилници за обичаите и техниките на бојадисување, карактеристични велигденски трпези и креативни работилници за деца. Покрај уживањето во програмата што ја нудиме, сите посетители ќе можат да ги искористат и велигденските попусти кои ги најавија нашите закупци.” - изјави Дарко Панчевски од Skopje City Mall.
Настанот започнува денес и ќе трае до 17ти април, а Амбасадите на Русија, САД, Украина, Унгарија, Шведска и Словенија заедно со нивните здруженија на сонародници и дијаспора помогнаа овој настан да биде автентичен и се погрижија презентациите да бидат изворни. Детските креативни работилници ќе се одржуваат за викендите, од 12-14h и од 18-20h.