Подарок на училиштата - детска едукативна театарска претстава на тема екологија

Тематизирање на содржина со еколошки предзнаења и отворање на театарските врати на млади таленти и автори беа главниот поттик заради кои друштвото за управување со пакување и отпад од пакување „Пакомак“ го иницираше еколошкиот театарски караван за деца на училишна возраст „Зелена планета“, кој се реализира со помош на здружението за хумано-општествен развој „Проект среќа“.

podarok-na-ucilistata-detska-edukativna-teatarska-pretstava-na-tema-ekologija-01.jpg

Првата театарска претстава беше одиграна во Прилеп, но овој театарски караван продолжи и во Скопје, Кавадарци, Битола, Богданци, Струмица, Куманово, Штип, Велес и Охрид, со цел да поттикне што е можно повеќе деца се придружат на патот кон поздрав и подобар живот на планетата.  

Овој театарски проект им овозможува на децата ориентација кон животната средина што нуди уверување, вредности и принципи кои укажуваат на неповолниот третман кон неа од страна на луѓето, општ поглед на природата и на опкружувањето, но и охрабрување да се вклучат во активности што водат кон унапредување на тој однос.

„Човечкиот развој е производ на интеракција помеѓу човекот и неговата околина и во тој долготраен процес најмладите ја усвојуваат и со текот на времето ја прошируваат својата претстава за животната средина и добиваат порелевантна слика за она што се случува со неа. Во таа смисла, децата на одредена возраст стануваат се помотивирани и поспособни да се вклучат во активности што овозможуваат нејзино подобрување и ние сакавме да ги придобиеме токму тие мотивирани, ентузијастични и искрени детски срца што ќе работат попосветено на заштита на животната средина и ќе бидат пример за останатите“ - вели Кристина Арнаудова Петровски, Основач на „Проект среќа“.

podarok-na-ucilistata-detska-edukativna-teatarska-pretstava-na-tema-ekologija-2.jpg

Автор на претставата „Зелена планета“ е Детското драмско студио ,,Детски свет“, при МНТ, а модератор на претставата е омилениот детски телевизиски лик Ивце Пивце.

„Животната средина е збир на вгнездени структури од кои секоја е поврзана со наредната, како неколку руски бабушки една во друга. Во најмалата „бабушка“ сме ние луѓето, нашиот дом, училницата, дворот, парковите, лулашките... Затоа треба да внимаваме како се однесуваме кон нашата животна средина, бидејќи тоа директно влијае на останатите „бабушки“ или слоеви и најпосле на сè останато“ - изјави Ико Брдароски, Менџер за грижа на корисници во „Пакомак“.

Проектот „Зелена планета“ го поддржаа и Амбасадата на Кралство Холандија, Пивара Скопје и „Нула отпад“, колективен постапувач за батерии и електронски отпад, идентификувајќи го како корисна содржина што ги поттикнува децата да научат да превземаат мали, но важни еколошки практики, кои кога ќе се повторуваат секој ден, даваат големи резултати.

Еколошкиот театарски караван „Зелена планета“ ќе продолжи со гостување и во други градови и населени места со кои бројот на ученици што ќе ја проследат претставата до крајот на учебната година ќе надмине 15.000 поединци. За останатите гостувања во наредната учебна година, кога ќе ги има, ќе слушнете сигурно.

podarok-na-ucilistata-detska-edukativna-teatarska-pretstava-na-tema-ekologija-1.jpg

Би можело да ве интересира:

Каде е и што прави денес момчето што ја отпеа песната „Наташа од трето три“ – Леонид Ристев? Леонид признава дека никогаш немал намера да се занимава музика, иако во 1992-ра...
Евгенија Колев: „Првите денови во Дубаи беа хаотични, баравме стан на 40°C со две деца во количка“ „Барање станови на +40 со Матиас и Давид во количка, средување документација, из...
Катарина Ивановска ужива во летото: На плажа со децата, коктели со другарките Со десетина интересни фотографии споделени на Инстаграм, Катарина откри како се ...
Тамара Тодевска на 39 изгледа подобро од кога било – прослави роденден со Лука и децата „Среќна сум за секоја ваша честитка, порака и желба – за уште многу години“ – на...
Милена од Прилеп со двете деца маскирана во „мајка на змејови“ за Прочка: „Се спремавме од декември“ „Беше предизвик да го убедам поголемиот син, бидејќи сакаше да биде Спајдермен, ...
Марко Новески доби близнаци на 44 години, а Камењар има две поголеми деца - двајцата ја обожаваат ул... „Поминувам време колку што можам повеќе со близнаците. Дома ги делиме обврски и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg