„Самото породување за мене беше еден голем, возвишен чин, со измешани емоции, радост, неизвесност. Во еден дел од болницата каде што се породуваше Магдалена имаше крст и икона и се сеќавам дека одев таму и се молев да биде сè во ред со двајцата“, ни раскажа Ламбе за раѓањето на помалиот син.