Се слави празникот Вознесение Христово – Спасовден: Што не треба да се прави денес?

40 дена по Велигден и 10 дена пред Духовден се слави празникот Вознесение Христово, Спасовден. Денес не се работи ништо, а се верува дека празникот може да донесе спас и заштита од болести и немаштија. Напорната работа на денешен ден може да донесе болест и удар од гром.

se-slavi-praznikot-voznesenie-hristovo-spasovden-shto-ne-treba-da-se-pravi-denes-01.jpg

Денес (13.06) православните христијани го слават празникот Вознесение Христово, кој кај народот е познат и како Спасовден. Именден слават Спасе, Спаско, Спасија, Спаска, Спасена …

Празникот Вознесение Христово, Спасовден секогаш се слави 40 дена по Велигден и секоја година го менува датумот, кога спасителот Исус се вознел на небото.

Интересно е што овој празник секогаш се паѓа во четврток, а според народните верувања, во некои делови од нашата држава, денес повторно треба да се бојадисаат црвени јајца.

Исто така, овој празник секогаш е 10 дена пред Духовден.

Според Новиот Завет се верува дека Исус Христос, по воскреснувањето, 40 дена им се јавувал на своите ученици и им проповедал да не се оддалечуваат од Ерусалим, туку да го чекаат доаѓањето на Светиот Дух.

На 40-тиот ден по воскреснувањето, Исус ги повикал своите ученици во Витанија, каде ги благословил со своите раце и се вознесол на небото.

se-slavi-praznikot-voznesenie-hristovo-spasovden-shto-ne-treba-da-se-pravi-denes-02.jpg

Христијанските верници овој празник го слават со одење во црква, се слават слави и имендени.

Со оглед на тоа што овој празник е одбележан со црвени букви во православните календари, се верува дека на овој ден не треба да се извршуваат тешки задачи, туку денот да се посвети на молитва и на семејството.

Се верува дека славата на овој ден може да го заштити семејството од болести или немаштија, а во минатото во некои краеви се верувало дека ако се работи на денешен ден тоа може да донесе удар од гром и лоша болест во семејството.

se-slavi-praznikot-voznesenie-hristovo-spasovden-shto-ne-treba-da-se-pravi-denes-04.jpg

Според старите обичаи, на денешен ден се плетеле крстови од гранчиња леска, кои потоа се оставале пред куќата, во дворовите, нивите и ливадите за заштита, радост и благосостојба.

Овие мали крстови се чувале во текот на целата година, а наредната година се плетеле нови.

Во чест на овој празник во Македонија има повеќе манастири и цркви, кои го одбележуваат денешниот празник.

se-slavi-praznikot-voznesenie-hristovo-spasovden-shto-ne-treba-da-se-pravi-denes-03.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Семејството на прво место“: Елиф Елмас се пресели во Германија, па ги прошета саканите низ Берлин Откако на почетокот на годината потпиша за RB Leipzig и се пресели во Германија,...
Каде е и што прави денес Угро? „Ах, 90-тите и 2000-тите години беа убави за живеење. Инаку, моментално сум...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Семејството Џамбазови среќни и насмеани - фотографија стара 40 години која буди носталгија „Идилична семејна атмосфера во домот на семејството Џамбазови во времето кога си...
Денес е летен Свети Никола – Обичаи и верувања поврзани со овој празник Во минатото, на денешен ден рибарите не влегувале во езерата, а се верувало дека...
Се слави празникот Преображение господово – Денес не се оди во кафеани и не се спие преку ден Се верувало дека ако денес спиете преку ден, ќе се преобразите во поспани и сонл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg