Бајковита свадба на Христијан и Бојана во Охрид: Возење со катамаран, венчаница со охридски бисери и огномет

„Замислата беше интимна свадба, темата беше звукот на езерото. За сите присутни гости имавме организирано возење со катамарани до Канео, а прославата беше во ресторан во Пештани. Невестата беше облечена во бисерно бела венчаница и детали со охридски бисери“ - раскажаа Христијан и Бојана од Куманово за CRNOBELO.com, за нивната бајковита свадба во Охрид. 

bajkovita-svadba-na-hristijan-i-bojana-vo-ohrid-vozenje-so-katamaran-venchanica-so-ohridski-biseri-i-ognomet-01.jpg

„Само еден краток миг, тихо пеам молитва за нас“... Со стиховите на Каролина и Дуке и звукот на езерото, започна свадбата од бајките на Христијан и Бојана.

Христијан Маџовски (29) од Куманово, познато лице по прекрасните Инстаграм видеа од патувања (за што неодамна доби награда за инфлуенсер на годината во категорија патувачки содржини), со својата избраничка Бојана Тодоровска (30), исто така од Куманово, направија бајковита свадба во Охрид. 

Минатиот викенд, на 08.06.2024 се одржа црквената венчавка во просториите на Манастирот Св. Јован Богослов Канео, а младиот пар се заколна на вечна љубот пред Бога.

bajkovita-svadba-na-hristijan-i-bojana-vo-ohrid-vozenje-so-katamaran-venchanica-so-ohridski-biseri-i-ognomet-29_copy.jpg

Свадбената церемонија продолжи во ресторан во село Пештани, каде што се одржа и склопување на граѓанскиот брак.

Невестата беше облечена во бисерно бела венчаница и детали со охридски бисери, додека младоженецот носеше смокинг во црна и крем нијанса.

bajkovita-svadba-na-hristijan-i-bojana-vo-ohrid-vozenje-so-katamaran-venchanica-so-ohridski-biseri-i-ognomet-13.JPG

Во вечерното издание, невестата ги изненади присутните гости со прекрасна мини здолниште, креација со рачно испишан натпис „forevermore“.

bajkovita-svadba-na-hristijan-i-bojana-vo-ohrid-vozenje-so-katamaran-venchanica-so-ohridski-biseri-i-ognomet-23.jpg

За нивната уникатна свадба, за CRNOBELO.com тие откриваат:

„По долгогодишната љубовна врска, се заколнавме на вечна љубов минатата година во волшебниот Колмар, за време на божиќниот базар.

Замислата беше интимна свадба, темата беше звукот на езерото, а се случи во македонскиот град на љубовта и светлината Охрид. 

bajkovita-svadba-na-hristijan-i-bojana-vo-ohrid-vozenje-so-katamaran-venchanica-so-ohridski-biseri-i-ognomet-28.jpg

Ресторанот беше во тематска декорација со бели цвеќиња и зелени нијанси и многу свеќи, а идејата за целата декорација беше идеја на младенците, реализирана од страна на професионални лица за декорација од Велес.

bajkovita-svadba-na-hristijan-i-bojana-vo-ohrid-vozenje-so-katamaran-venchanica-so-ohridski-biseri-i-ognomet-50.jpg

Уште од првиот момент и првите разговори за свадба и венчавка, и двајцата знаевме дека сакаме интимна прослава со најблиските роднини и пријатели.

Охрид беше единствената локација која што беше прифатлива за нас.

По голема потрага по идеалната локација со најубавото зајдисонце, се одлучивме за еден ресторан во Пештани, кој го прилагодивме и направивме место од соништата за бајковита веселба.

bajkovita-svadba-na-hristijan-i-bojana-vo-ohrid-vozenje-so-katamaran-venchanica-so-ohridski-biseri-i-ognomet-59.jpg

За сите присутни гости имавме организирано возење со катамарани до Канео, гостите имаа можност да уживаат во возењето низ водите на Охридското Езеро, како и да уживаат во магичните погледи од балконот на Св. Јован Канео.

bajkovita-svadba-na-hristijan-i-bojana-vo-ohrid-vozenje-so-katamaran-venchanica-so-ohridski-biseri-i-ognomet-55.jpg

Сакавме интимна атмосфера со бели и зелени нијанси, сакавме да уживаме во погледот на зајдисонце покрај езеро, сакавме првото шампанско да биде само за нас, сакавме церемонијата да биде бајковите, а бајката да ја памтиме засекогаш.

bajkovita-svadba-na-hristijan-i-bojana-vo-ohrid-vozenje-so-katamaran-venchanica-so-ohridski-biseri-i-ognomet-44.jpg

Се одлучивме за малку поинаква свадба од македонските традиционални свадби. Се фокусиравме на македонска поп музика и многу сме благодарни на бендот и на вокалите од бендот кои оваа прослава ја направија фантастична и за паметење.

bajkovita-svadba-na-hristijan-i-bojana-vo-ohrid-vozenje-so-katamaran-venchanica-so-ohridski-biseri-i-ognomet-26.jpg

За крај како шлаг на тортата, навистина беше тортата, уникатко изработена бела торта со природно цвеќе кала.

bajkovita-svadba-na-hristijan-i-bojana-vo-ohrid-vozenje-so-katamaran-venchanica-so-ohridski-biseri-i-ognomet-05.jpg

Присутните гости, имаа можност да уживаат во прекрасниот момент на сечење на невестинската торта, во атсмофера со запалени прскалки и спектакуларен огномет кој беше изненадување за сите“, споделуваат Христијан и Бојана за CRNOBELO.com.

bajkovita-svadba-na-hristijan-i-bojana-vo-ohrid-vozenje-so-katamaran-venchanica-so-ohridski-biseri-i-ognomet-21.jpg

Погледнете повеќе фотографии од свадбата на Христијан и Бојана:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Христијан ја запроси Џесика пред црквата Св. Јован – Канео во Охрид: „Тргнавме на прошетка и да запа... „Христијан ме запроси кога никој не очекуваше. Сите мислеа дека ќе ме запроси ко...
Тамара Тодевска на 39 изгледа подобро од кога било – прослави роденден со Лука и децата „Среќна сум за секоја ваша честитка, порака и желба – за уште многу години“ – на...
Кои од познатите личности се родени во Куманово? Дали знаевте дека овие познати личности се родени и детството го поминале во Кум...
Штипјанка направи роденденска забава инспирирана од Дивиот Запад - со вистински коњ и каубојски дрес... „Идејата за роденденот ми е уште од детството, бидејќи ги сакам коњите. Кога бев...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Деца генијалци на Јуниорска Олимпијада и уште 4 позитивни вести од Македонија кои нè израдуваа минат... Виртуозот на пијано, Симон Трпчески повторно нè направи горди по позитивните реа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg