Тамара Тодевска на настап во уникатен (и смел) стајлинг – Друштво ѝ правеа Катарина Ивановска и партнерот
- Детали
- петок, 07 јуни 2024
Тамара Тодевска на настап во скопски локал се појави во уникатен кафеав стајлинг, а покажа дека оваа боја не е идеална само за есенските, туку може одлично да изгледа и во пролетните и летните комбинации.
Нашата пејачка Тамара Тодевска синоќа имаше настап во еден скопски локал, а за таа пригода избра уникатен стајлинг од наш дизајнер. Таа се појави во креација од Игор Марков.
Со широки пантолони, светкав градник и долга кошула, Тамара изгледаше заводливо и неодоливо, а како што сама се пошегува на социјалните мрежи, овој стајлинг би требало да се најде на насловната страница на Vogue.
Таа на својот Инстаграм профил сподели повеќе фотографии од аутфитот, а како што може да се види, вечерта друштво ѝ правеле Катарина Ивановска и нејзиниот партнер Лука.
„Тешко без вас... и без сите мои луѓе. Фала Ви за енергијата и преубавата вечер“ – напиша таа до фотографиите и ги обележа сите кои се погрижиле за нејзиниот изглед вечерта.
На Инстаграм Стори Тамара подели неколку видеа на кои се гледа дека присутните во локалот во еден глас ги пееле нејзините најголеми хитови.
Таа исто така сподели и видео на кое се гледа како ја правеле фотосесијата среде скопски булевар, со фотографот Мартин Трајановски.
Погледнете уште неколку фотки од Тамара во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело