„Нè напушти Пиже. Урбана легенда, еден од творците на ноќниот живот во Скопје. Она Скопје кое беше убаво, без кичерај и евтина багра. Почивај во мир пријателе. Ми беше чест што бев дел од твојот персонал пред 12 години. Што додека работевме заедно немаше хиерархија на газди и потчинети, туку ти беше другар со сите. Ти како газда мразеше авторитети. Типично скопски. Без стеги, без надменост, затоа што ти сакаше да гледаш среќни лица кај твоите вработени...“, пишува Фросина Фро, поранешна вработена кај нашата градска легенда Сашо Пижевски - Пиже, која прерано нè напушти.