Калиопи со евровизиски спомени и искрен коментар за Андреа и Констракта на Евровизија 2022
- Детали
- петок, 13 мај 2022
Дали се сеќавате дека Калиопи била избрана да ја претставува Македонија на Евровизија 1996 година, но поради промена на правилата не настапила на евровизиската сцена, и наш прв претставник е Владо Јаневски во 1998 година?
Калиопи за српскиот портал „Toxic“ се потсети на времето кога таа настапуваше на Евровизија и потврди дека за неа евровизиската сцена е навистина нешто посебно, дека публиката таму е неверојатна затоа што има огромни евровизиски фанови и дека тој аплауз и навивање ќе го помни до крајот на животот.
Таа ја претставуваше Македонија на Евровизија во 2012 година со песната „Црно и бело“ и во 2016 година со песната „Дона“.
Калиопи и во 1996 година победи на Скопскиот фестивал со песната „Само ти“, за која освои Grand Prix, но таа година, Калиопи како победник на фестивалот од кој се одбира македонскиот претставник за на Евровизија, требаше да ја претставува Македонија, меѓутоа поради наметнати правила во полуфиналето, не успеа да се претстави на евровизиската сцена.
Македонија за првпат учествуваше на Евровизија во 1998 кога Владо Јаневски нè претстави со песната „Не зори зоро“.
На прашањето како ѝ се допаѓа македонската претставничка Андреа, Калипи вели:
„Ја познавам Андреа, имам работено со неа. Андреа е еден млад талент со своја приказна, има свој продуцент кој работи со неа. Го менторирав нејзиното пеење и малку ѝ помогнав да ја надгради таа приказна за во Торино. Таа е прекрасна девојка, многу талентирана, културна, прекрасна.“
Потоа, Калиопи го кажа и својот став за српската претставничка:
„Мислам дека не постои личност на Балканот кој има да каже нешто лошо за Констракта. Таа е поинаква и своја, јас ги знам и нејзините песни од групата ‘Земља грува’. Таа е сериозен талент. На текстот на песната на Констракта никој не може да остане рамнодушен.“
Постари фотографии од евровизиската трка на Калиопи:
С. С. | Црнобело / фото: eurovision.tv