Васил Зафирчев на концерт на бившата сопруга, Калиопи: „И по 40 години кариера, гори кога пее“
- Детали
- понеделник, 05 февруари 2024
„Калиопи сѐ уште гори кога пее, како да ѝ е првпат. Затоа, сѐ уште силно блеска како сјајна ѕвезда на музичкото небо“, напиша на Инстаграм Васил Зафирчев, по концертот на нашата дива во Белград.
Актерот Васил Зафирчев со неколку пријатели викендов беше во Белград, за да присуствува на концертот на нашата музичка дива Калиопи во главниот град на Србија.
Тој во текот на концертот објави видеа на Инстаграм од настапот на неговата поранешна сопруга, а потоа и заедничка фотографија, направена откако Калиопи по којзнае кој пат ја воодушеви српската публика.
Васил не криеше дека ужива во настапот на Калиопи.
„И после 40 години музичка кариера, Калиопи сѐ уште гори кога пее, како да ѝ е првпат. Затоа, сѐ уште силно блеска како сјајна ѕвезда на музичкото небо.
Магична ноќ за паметење и фантастичен концерт синоќа во Белград!“, напиша тој.
Гостин на концертот на Калиопи беше Жељко Самарџиќ, со кого нашата дива летото 2023-та ја испеа песната „Знам“, која преку ноќ стана вистински хит во регионот.
Васил и Калиопи беа во брак од 2004 до 2011 година, но и по разводот останаа во одлични односи. Тие често го поминуваат времето заедно и се поддржуваат и во приватниот живот, и во кариерите.
Погледнете дел од атмосферата на концертот во видеата од Васил:
А. Ј. | Црнобело