„Љубовта на мојот живот“ - актерот Жарко Димоски на меден месец на Малдиви + најубавите фотки од парот
- Детали
- вторник, 17 мај 2022
Жарко Димоски се капе во базен од бунгалов над вода, додека неговата сакана ужива со коктел на плажа во лелеав цветен фустан. Парот на Малдиви минува незаборавни мигови, веднаш по свадбената церемонија...
Актерот и водител Жарко Димоски неодамна направи свадба со својата сакана Андреа од Кавадарци, а сега парот ужива на меден месец на Малдиви.
Интересно е што Жарко и Андреа на 10.08.2020 објавија фотографии и видеа од Ровињ со кои открија дека нивното „засекогаш“ почнува во тој миг, но очигледно за свадбената церемонија чекаа да се смири ситуацијата со пандемијата за да можат да прослават во поголем круг.
Дефинитивно и организацијата околу медениот месец им била полесна, по укинувањето на мерките за пандемијата во речиси целиот свет.
Жарко на Инстаграм Стори сподели фотографија од Андреа со опис: „Љубовта на мојот живот“.
Андреа исто така на Инстаграм Стори сподели дел од нивните убави мигови таму.
Рајска плажа и тиркизен океан е доволно за релаксација по напорниот период на организирање на свадбена церемонија, особено во изминатиот период на пандемија, кога сè беше неизвесно.
Повеќе фотографии од парот:
https://www.instagram.com/p/CSY3SdkMe49/
https://www.instagram.com/p/CXjC4jDMYCB/
https://www.instagram.com/p/CQTx0gdrWix/
https://www.instagram.com/p/COz5VE9L6jt/
https://www.instagram.com/p/COfo3DNLQlk/