Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Бев на Златна бубамара на популарноста 2022 – како си поминав?“

Во миговите на кулминација се топев од убави емоции, бев горда што сум Македонка, се ежев кога со стоечки овации ја поздравивме нашата фудбалска репрезентација и теквондистот Дејан Георгиевски, кој ни донесе олимписко сребро, се гордеев што имаме младина како извидникот Петар со грашокот, уметници како Наум Петрески и Ферус Мустафов и шоумени како Сашко Коцев, Тино и Атанас...

bev-na-zlatna-bubamara-2022-kako-si-pominav-01.jpg

По пандемија, мерки, маски, вакцини, изолација, вирус, статистики и комплетно стопирање на нормалното темпо на живот искрено едвај чекав да дојде „Златна бубамара на популарноста“.

Зошто? Затоа што буквално ми требаше „да живнам“. Дефинитивно, одлично погодено мото („Да живнеме“) на 25-тото јубилејно издание на најкултната манифестација кај нас, која се одржа вчера (12 мај) во спортската сала Борис Трајковски.

Да живнам по долго време без концерти, манифестации, настани... Мене ми е потребна енергија, дружба, луѓе, смеа, добра музика и јавно велам: „Благодарам Златна Бубамара“ и „Благодарам Ранко Петровиќ за организацијата“.

bev-na-zlatna-bubamara-2022-kako-si-pominav-02.jpgфото: Фејсбук

Одлично осветлување, капацитет исполнет до последно место и дефинитивно нешто наше, а светско. Плус дававме аплауз од срце, имаше овации, станувавме, поддржувавме затоа што Македонија има на што да биде горда. Уметници и спортисти, гордост македонска...

bev-na-zlatna-bubamara-2022-kako-si-pominav-05.jpg

Знам дека е вложено време, љубов, труд и пот, но од друга страна последново и ние го вложивме, што од смеа, што од екстремно високата температура во салата. Но, на сета смеа и забава ќе простиме за овој мал пропуст.

А тоа што на отворањето го викнавте малиот извидник Петар, кој не можеме, а да не го помниме по симпатичната изјава за грашокот беше полн погодок. Тој дури ни порача: „Јадете здраво, одете на планина и носете резерва бурек“.

И ми се допадна што оддадовме признание и што ракоплескавме горди на нашата фудбалска репрезентација и во еден глас со Ристо Самарџиев ја пеевме песната „Црвена, црвена“ и навиваме за нив, односно навивавме за нас, за нашата Македонија.

bev-na-zlatna-bubamara-2022-kako-si-pominav-07.jpg

Душата полна убавини ни беше и кога му оддадовме почест на нашиот теквондо мајстор Дејан Георгиевски кој ни донесе сребро од Олимпијадата и се претстави со говор достоен за еден врвен спортист како него.

Убаво ми беше и кога Наум Петрески со песни ми ја милуваше душата, кога Благица Павловска покажа дека е наша легенда, која засекогаш ќе остане препознатлива по енергијата и изгледот, и кога Ферус Мустафов со својот настап ја крена атмосферата до точка на вриење.

bev-na-zlatna-bubamara-2022-kako-si-pominav-03.jpgфото: Фејсбук

Тука беше и култниот Игор Џамбазов, кој нема пропуштено да учествува на ниту една „Златна Бубамара на популарноста“, веќе цели 25 години.

Да, Кили ни недостигаше, но беше испратен поздрав до него директно до Еквадор. Човек со таква енергија не може да биде заборавен.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

„Многу ќе ми фалиш Сарке моја“ – Цела естрада се збогува со Сара Пројковска, жена со ангелски глас и... „НЕ, НЕ, НЕ!!! Не прифаќам и нема никогаш да прифатам дека те нема! Саре сестриц...
„Бев на забавата по повод 17-тиот роденден на Бекстејџ - Скопје пулсираше од убава енергија“ На Скопје му беше потребен настан од овој тип! Со црвен тепих, тематска забава, ...
Александра Јанева на момински викенд во Белград: „Ми дојдоа другарки што живеат во САД и Европа, си ... Откако лани во ноември пејачката кажа ДА на патувањето во Париз со своето момче,...
Христина од Прилеп на 28 години се избори со ракот, а на 35 стана мајка по природен пат „Некои денови светат поинаку, како премачкани со златна боја. Денес е тој ден. С...
„Бев на премиерата на новото македонско кабаре во Гевгелија - што ме воодушеви?“ Со другарките стигнавме во моментот кога почна првата точка - пејачот Даниел Дан...
Лила Филиповска прослави роденден во Малта: „Убав е животот кога ќе помислиш колку е непредвидлив и ... „Не сакам да зборувам за она низ што поминав, тоа што ме болеше сега е минато......

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg