„Бев на премиерата на новото македонско кабаре во Гевгелија - што ме воодушеви?“

Со другарките стигнавме во моментот кога почна првата точка - пејачот Даниел Данн, гол од половината нагоре и свртен со грб, почна да го пее хитот на Queen, I Want to Break Free, додека танчарките му облекуваа жолта јакна, во стилот на Фреди Меркјури. Како си поминав на премиерата на новото кабаре „Еуфорија“?

bev-na-premierata-na-novoto-makedonsko-kabare-vo-gevgelija-shto-me-voodushevi-01.jpg

Во петокот (18.10) во едно од казината во близина на граничниот премин Богородица во Гевгелија, имаше премиера новото македонско кабаре „Еуфорија“.

Најавата за кабарето ја гледав веќе некое време на социјалните мрежи, а бидејќи немавме планови, со неколку другарки решивме да отидеме на викенд во Дојран, а оттаму и на првото шоу на „Еуфорија“.

bev-na-premierata-na-novoto-makedonsko-kabare-vo-gevgelija-shto-me-voodushevi-02_1.jpgФото: Инстаграм

Знаевме дека одиме во казино, плус на премиера, па се дотеравме, седнавме во автомобилот и за околу половина час стигнавме од Дојран во Гевгелија.

Бидејќи првпат одам таму, откако се регистрирав (со отпечаток од прст), ми кажаа дека добивам 10 евра кои можам да ги потрошам вечерта.

bev-na-premierata-na-novoto-makedonsko-kabare-vo-gevgelija-shto-me-voodushevi-01_1.jpg

Во моментот кога стигнавме го фативме и почетокот на шоуто.

Пејачот Даниел Данн, гол од половината нагоре, свртен со грб, почна да го пее хитот на Queen, I Want to Break Free, додека танчарките му облекуваа жолта јакна, во стилот на Фреди Меркјури.

bev-na-premierata-na-novoto-makedonsko-kabare-vo-gevgelija-shto-me-voodushevi-07.jpg

По ова се редеа музички точки, многу сценски настапи, акробации, девојки кои танцуваа, актери и актерки кои пееја и ги забавуваа гостите.

И додека актерката Јана Стојановска пееше, момче возеше ролшуи на сцената околу неа и му даваше поинаков шарм на нејзиниот настап.

bev-na-premierata-na-novoto-makedonsko-kabare-vo-gevgelija-shto-me-voodushevi-11.jpg

А од музика имаше сè - се пееја и светски и балкански хитови, песни од Елвис Присли, Muse, Дона Самер, Константинос Аргирос, песни од филмот Grease...

Но, ја испеаја и победничката песна на Евровизија, Euphoria од Лорин, по која кабарето и го добило името.

bev-na-premierata-na-novoto-makedonsko-kabare-vo-gevgelija-shto-me-voodushevi-08.jpg

Искрено, уживав во позитивната енергија на младите пејачи, актери, танчари и акробати кои се вклучени во кабарето.

Насмеани, среќни, дадоа сè од себе премиерата да помине одлично, а луѓето кои се дојдени во казиното да се забавуваат, бидејќи кабарето е направено токму за нив.

bev-na-premierata-na-novoto-makedonsko-kabare-vo-gevgelija-shto-me-voodushevi-03_1.jpg

И мислам дека успеаја во тоа. Кога ќе почнеше некоја песна, многумина престануваа да разговараат и им го посветуваа своето внимание на артистите на сцената.

Имаше и такви кои стануваа и одеа од една до друга сцена (бидејќи во големата сала има две сцени, едната поставена горе, а друга на средината на просторот) за да бидат поблиску до изведувачите, да сликаат, да снимат некое видео.

bev-na-premierata-na-novoto-makedonsko-kabare-vo-gevgelija-shto-me-voodushevi-10.jpg

Меѓу сцените има и скали, а луѓето застануваа за да гледаат поубаво и не штедеа аплауз по секоја точка.

Меѓу гостите го видов и Владо Јаневски, па имам впечаток дека и нему му се допадна тоа што го гледа.

bev-na-premierata-na-novoto-makedonsko-kabare-vo-gevgelija-shto-me-voodushevi-05.jpg

И сега, знам дека се повторувам, но мора да кажам уште еднаш - новото кабаре навистина ме воодушеви.

Блескави костими, девојки кои се вртат на трапез, згодни момци, интересни кореографии, соло и групни точки и вистинска еуфорија на сцената - едноставно нешто што треба да се доживее.

bev-na-premierata-na-novoto-makedonsko-kabare-vo-gevgelija-shto-me-voodushevi-02.jpg

Што се случи со среќата? Па, ги загубив првите 10 евра, а потоа уште 10.

Но, одлично се забавувавме, па мислам дека одењето на кабаре во петок навечер беше вистински избор да се види нешто ново и несекојдневно кај нас.

bev-na-premierata-na-novoto-makedonsko-kabare-vo-gevgelija-shto-me-voodushevi-03.jpg

П. С. Ми се чини дека ќе одам пак да го гледам кабарето, но кога ќе почнат со настапите во Скопје.

Погледнете и видеа од премиерата на кабарето:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело / фото: Инстаграм

Би можело да ве интересира:

Слаткар отворено за говорната маана: „На 2 години бев оставен сам во болница – кога ме зеле сум почн... „Едноствено уште како дете сум стравувал дека нема да можам да го кажам тоа што ...
Миа Костова за летувањето во Ердек: „Тијана има стан тука, влез на приватна плажа е меѓу 600 и 1.500... „Цените до лани беа супер евтини, годинава се како во Грција. Има лахмаџун ...
Љупка Митрова: „Моментот кога решив да ставам крај на бракот е моментот кога решив да почнам да се с... „Моментот кога решив да ставам крај со партнерот со кој сум поминала 15 години и...
Антониа Гиговска со кожена јакна без градник, Милена Антовска на свадба на Сардинија: Што прават мак... Весна Петрушевска беше на изложба за кучиња со миленикот Минки, Aлександар Белов...
Зошто играчката „Златен Хари Потер“ ја продаваат по 700 евра – Вистина или уште една масовна интерне... „Златен Хари Потер со код – цена 700 евра!“ Вака отприлика гласат голем број огл...
Запросување во стилот на „Убавицата и ѕверот“ - Ана од Кочани му кажа „да“ на саканиот Мартин „Мартин го осмислил запросувањето од работи кои ни се важни на двајцата: во рест...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg