Скопје ЗОО во спасувачка акција: Згрижен коњот кој беше пронајден на тераса во Дебар Маало (фото)
- Детали
- понеделник, 23 мај 2022
На тераса во руинирана зграда во Скопје, коњот бил оставен сам на себе без храна и без вода. На социјалните мрежи на Скопје ЗОО се објавени фотографии од спасувањето на коњот што се појави во напуштена зграда во скопско Дебар Маало.
Откако беа објавени фотографии на социјалните мрежи и во медиумите, на кои се гледаше животното оставено во напуштена зграда во скопско Дебар Маало, надлежните веднаш излегле на терен.
Од Скопје ЗОО, објавија неколку фотографии од спасувањето на животното.
„Вчера на неколку портали беше објавено дека во Дебар Маало има коњ на тераса од стан во напуштена зграда, а полицијата добила и неколку пријави од граѓани.
Колегите од Скопје ЗОО, заедно со директорот Кристијан Стаменов, МВР и инспектор на АХВ излегоа на терен и ја започнаа спасувачката мисија на коњчето кое за жал било врзано во руинираниот објект и оставено без храна и вода.
Доцна вечерта коњот беше пренесен во Скопје ЗОО каде што ќе му обезбедиме ветеринарна грижа и најдобра нега. Апелираме да не се измачуваат овие најпрекрасни животни и што поскоро да се направи план на централно ниво за што поголема благосостојба на коњите“ – стои во соопштението.
Б. С. Б. | Црнобело