Позната романска пејачка со провокативни фотки од брегот на Охридското Езеро: „Ова е рај на земјата“
- Детали
- понеделник, 23 мај 2022
Во црвена и розова тоалета романската пејачка позираше на неколку локации покрај Охридското Езеро што веќе со години наназад се омилени кај корисниците на Инстаграм.
Романската пејачка Sarah JSun деновиве престојуваше во Охрид, од каде објави повеќе фотографии на својот Инстаграм профил.
Во црвен и розов фустан пејачката позираше на пристаништето на Охридското Езеро, а се фотографираше и на омилената локација за голем број странски туристи, во непосредна близина на црквата Свети Јован Канео.
„Македонија е сон. Охрид е рај на земјата. Убави места од Македонија“ – напиша таа до своите фотографии.
Инаку Sarah JSun е романска пејачка и текстописец што е мошне популарна во родната Романија. Таа на романската музичка сцена се појавила уште во 2009-та година, а е мошне популарна заради талентот за музика и добриот изглед.
„Отсекогаш сакав да пеам, тоа го правев и кога бев дете, им пеев и на соседите што ме слушаа со задоволство. Во училиште ја користев секоја можност да подготвам шоу, а по завршувањето на основното образование, со помош на наставникот по музичко се запишав на популарното музичко училиште во Букурешт“ – раскажа во една прилика таа за романските медиуми.
Таа е мошне активна на нејзиниот ТикТок профил каде ја следат над 816 илјади следбеници.
Како што вели, особено задоволство ѝ е да објавува видеа за нејзините следбеници. Дополнително ова ѝ овозможува да стекне следбеници и од повеќе други земји.
Погледнете повеќе фотографии од неа во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело