Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Пријателите со последен поздрав за Сашо Пижевски Пиже - изгубивме урбан лик и човек кој беше срцето на Скопје

„Нè напушти Пиже. Урбана легенда, еден од творците на ноќниот живот во Скопје. Она Скопје кое беше убаво, без кичерај и евтина багра. Почивај во мир пријателе. Ми беше чест што бев дел од твојот персонал пред 12 години. Што додека работевме заедно немаше хиерархија на газди и потчинети, туку ти беше другар со сите. Ти како газда мразеше авторитети. Типично скопски. Без стеги, без надменост, затоа што ти сакаше да гледаш среќни лица кај твоите вработени...“, пишува Фросина Фро, поранешна вработена кај нашата градска легенда Сашо Пижевски - Пиже, која прерано нè напушти.

igor-djambazov-vera-jankovikj-prijatelite-mu-oddadoa-posledna-pochit-na-sasho-pizhevski-pizhe-01.jpg

Сашо Пижевски - Пиже  - урбан препознатлив лик, еден од оние за кои со сигурност може да се каже дека се срцето на Скопје, почина прерано и ненадејно на 57-годишна возраст.

Го изгубивме култниот Сашо Пижевски - Пиже познат скопски шоумен, пејач и угостител.

Роден е во скопско Дебар маало, каде го поминал своето детство, за потоа да се пресели во Влае. Тој е еден од главните творци на ноќниот и забавен живот во Скопје од крајот на 80-тите, па со мали паузи сè досега.

Заедно со Горан Атанасов - Зеко и Игор Џамбазов бил основач и член на култната група Хавана Бенд, која била своевидна атракција на македонската естрада во раните 90-ти, позната по хитовите „Шток ми бејби“, „Нема спас“, „Дај ми, жити се“ и др. По нејзиното распаѓање, се посветил на својот бизнис - угостителството и само повремено, како гостин, учествувал во неколку музички проекти.

Пижевски исто така беше менаџер, директор, ко-сопственик и сопственик на повеќе кафулиња, ресторани, ноќни клубови и дискотеки. Меѓу позначајните се Хавана клуб во Градскиот парк, дискотеката Парк во Градскиот стадион, како и француската пекарница Boulangerie francaise во Градскиот трговски центар.

Потоа актуелен беше со повторното обединување на Хавана Бенд и нивниот хит Балада за мајка ти и татко ти, плод на соработката со Александар Митевски и како сопственик на привлечниот кафе-бар Мајка ти и татко ти.

Неговите пријатели со емотивни објави му оддадоа последна почит на социјалните мрежи:

Игор Џамбазов

„Каде бе Пиже? Каде бе брате? Само пред пет дена пиевме кафе кај мене у маало. Ми збореше за Скијатос, а во очите ти светкаа тинејџерски искри на радост. Имаше повеќе живот во тебе од сите гости во бавчата. Ми рече: „Џамбаз, уште не им се дааме на копиљациве, така? Па шо бе, боље изглеаме од нив“.
Довидување, другар мој.
И сликни едно селфи од горе. Ја ќе го објавам, ти шерни го.
Тага. Збогум брате...“

Јохан Елзесер, познат угостител

„Пред некој ден го зборевме „пријатељу”. Демек муабетот беше време лети и зими и лети, ама 4 години летнаа „вака”. Па си прос*авме онака по скопски шо му се дешаа на Скопјево, малку оговарање кој што како, па ај ќе се видиме на кафе, па ова она, класика од телефонски муабет. И? И Пиже? Ја сега пишувам овде некакви срања, а ти, а ти си кидна. Ај што кидна онака, тоа не ти праштам, јбг неопростиво, ама у исти ден со Зеко? Језиво друже, прејезиво. Ликовите со кои Скопје беше СКОПЈЕ си отидоа во ист ден. Почивај во мир, и што да кажам, поздрави ми го „пријатељу” и бапнете по еден ШТОК за Скопје. Сега бар можеш на раат со другар ти да пиеш до миље воље. Најискрено сочувство до семејството.“

igor-djambazov-vera-jankovikj-prijatelite-mu-oddadoa-posledna-pochit-na-sasho-pizhevski-pizhe-02.jpg

Вера Јанковиќ

„Пусто ќе е Влае наше без тебе... Наше Скопје... Се откорна една неповторлива енергија, смисла на живеење, една вечна љубов за сè. Светол ти пат друже, вечен ти спомен Пиже.“

Жанко Зш Голабовски

„Пижееее беееее. Ме стаписа. Фурај. НемаТ логика. Немам зборови. ЗШ море?

Летај високо! Како велеше, не пијам алкохол 14 години и пак ко ќе заминам ќе речет многу пиеше... ПИЖЕЕЕЕ БЕЕЕЕ. ЗШ МОРЕ ЗШ? ЗБОГУМ ДРУЖЕ....“

igor-djambazov-vera-jankovikj-prijatelite-mu-oddadoa-posledna-pochit-na-sasho-pizhevski-pizhe-03.jpg

Фросина Фро

„Отварам фб и читам со неверување. Денес нè напушти Пиже. Урбана легенда, еден од творците на ноќниот живот во Скопје. Она Скопје кое беше убаво, без кичерај и евтина багра. Почивај во мир пријателе. Ова е последната наша заедничка слика од пред некоја година. Ми беше чест што бев дел од твојот персонал пред 12 години. Што додека работевме заедно немаше хиерархија на газди и потчинети, туку ти беше другар со сите.

Ти како газда мразеше авторитети. Типично скопски. Без стеги, без надменост, затоа што ти сакаше да гледаш среќни лица кај твоите вработени, па дури и тогаш кога дојдоа тешки времиња и ние земавме поголема дневница од твојот промет. Ти беше дел од еснафот во Скопје, а тој еснаф ме научи да не се поклонувам на занесени сељачишта, да не играм нечесно, туку да си ја задржам скопската искулираност.

Почивај во мир пријателе. Ќе недостасуваш. Ти беше еден од ретките ликови кои беа полни со ентузијазам и хумор, дури и кога натежнуваа црнила во животот. Нека ти е светол патот. Утре ќе наздравам за тебе. Сигурна сум дека си на поубаво место од ова.“

igor-djambazov-vera-jankovikj-prijatelite-mu-oddadoa-posledna-pochit-na-sasho-pizhevski-pizhe-04.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Игор Џамбазов слави 61-ви роденден: „Кога сум се родил, татко ми Џамбаз не се отрезнил 3 дена“ „На денешен ден, мајка ми Анче ме испорачала на овој свет. Светот не се потресол...
Македонски познати личности кои ја кријат љубовта од јавноста Додека некои македонски парови јавно ја искажуваат љубовта, објавуваат фотки од ...
Врчак се огласи по загубата на Андреј од ДНК: „Последната песна ја снимивме неколку дена пред да заг... „До вечерва, не можев ни музика да слушам, ниту да гледам Фејсбук... Ја пуштив п...
Игор Џамбазов, Сузана Спасовска - Познати Македонци кои се во 60-тите години од животот Драган Спасов Дац има 61 година и целосно е посветен на музиката, актерството и ...
Денес е Вера, Надеж и Љубов – Што треба да направат сите што имаат ќерки? Ако имате ќерка денес треба да ѝ покажете колку ја сакате. Се слави празникот „В...
Нашата Марија стана светски шампион во кик-бокс и уште 4 позитивни вести од Македонија кои нè израду... Пеце Јанкуловски од Битола со булдожер ископа ров за да спречи пожарот во тој ре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg