„Ја играше улогата за својата мајка“ - Внуката на Јулија маестрална во театарска претстава, по смртта на нејзината мајка
- Детали
- четврток, 19 мај 2022
„Мојата внука Стефанија, оваа улога, оваа претстава ја играше за својата мајка, за Андријана, за нашиот ангел небесен...“, напиша Јулија за својата внука, која ѝ е единствена утеха по прераната смрт на нејзината ќерка, уметницата Андријана Мациевска (41).
Пејачката и водителка Јулија периодов ги живее најтешките денови во својот живот, откако нејзината единствена ќерка Андријана Мациевска ја изгуби борбата со ракот на само 41-годишна возраст.
Единствена утеха ѝ е ќерката на Андријана. Јулија се труди да остане силна поради својата внука Стефанија, па така сега ѝ беше поддршка при настап во тетарска претстава, која Стефанија ја одигра во чест на својата прерано почината мајка.
Јулија објави фотографии од претставата на својот Фејсбук профил и напиша:
„Синоќа на даските што живот значат во Театар Комедија, моето сонце Стефанија блескаше во улогата на Нина, величествена како вистински галеб, во претставата „Галеб“ од Чехов.
Стефанија оваа улога, оваа претстава ја играше за својата мајка, за Андријана, за нашиот ангел небесен.
Благодарност на целата екипа од претставата за сета маестрална енергија која ја донесоа на сцената и направија незаборавно доживување.“
Ќерката на пејачката и водителка Јулија, уметницата Андријана Мациевска, почина на 41 година, по 2-годишна борба со ракот.
На 12-ти мај Јулија на својот Фејсбук профил објави:
„Мојот ангел одлета, ми се откорна од срцето, од утробата, мојата прва љубов, мојата единствена рожба, мојата Андријана. Мојата зеница, мојата светлина, моето добро девојче, мојата голема уметница. Боли, боли, боли...“
С. С. | Црнобело