Нашата докторка Марија Бунда Калпак почина од рак на дојка, но нејзината мисија не заврши: „Жени, проверете си ги градите“

Марија беше личност која многумина ја паметат не само по нејзината стручност, туку и по нејзината насмевка, позитивна енергија и неверојатен дух, кој носеше ведрина, мотивација и инспирација да се пребродат дури и најтешките животни предизвици.

nashata-doktorka-marija-bunda-kalpak-pochina-od-rak-na-dojka-no-nejzinata-misija-ne-zavrshi-zheni-proverete-si-gi-gradite-01.jpg

Нашата докторка Марија Бунда Калпак отворено говореше за нејзината борба со ракот на дојката, обидувајќи се да ја подигне свеста за оваа болест. Таа оваа тешка дијагноза ја доби на само 28 години.

И иако борбата со оваа болест ја изгуби прерано, во кобниот јули 2023-та, во сите години на борба таа јавно говореше за да охрабри и други жени кои се соочуваат со истата дијагноза.

nashata-doktorka-marija-bunda-kalpak-pochina-od-rak-na-dojka-no-nejzinata-misija-ne-zavrshi-zheni-proverete-si-gi-gradite-03.jpg

Постојано ја испраќаше пораката: „Жени, проверувајте си ги градите“.

Нејзината порака, нејзината насмевка и енергија ќе останат запаметени.

nashata-doktorka-marija-bunda-kalpak-pochina-od-rak-na-dojka-no-nejzinata-misija-ne-zavrshi-zheni-proverete-si-gi-gradite-02.jpg

Оваа мајка, сопруга, ќерка остави трага, а сега нејзината мисија ја продолжуваат нејзините сакани со отворање на Инстаграм профил (насловен како M says: Check your boobs) во нејзина чест.

Во описот на профилот стои: Иницијатива за подигнување на свеста против рак на дојка во чест на д-р Марија Бунда Калпак.

Профилот е отворен токму во розовиот октомври - месец посветен на подигање на свеста за ракот на дојка.

На профилот пишува:

„Во чест на Марија Бунда Калпак и со голема гордост ја продолжуваме иницијативата што ја започна – нејзината мисија за подигнување на свесноста за ракот на дојка.

Oвој Инстаграм профил ќе биде платформа за споделување активности, настани и едукативна содржина за превенција на рак на дојка.

Марија го создаде овој мотивирачки слоган кој и денес повикува на акција.
Да продолжиме таму кајшто застана младата докторка Марија Бунда Калпак, која отворено ја споделуваше својата приказна со цел да ја подигне свесноста за карциномот на дојка.

Марија беше личност која многумина ја паметат не само по нејзината стручност, туку и по нејзината насмевка, позитивна енергија и неверојатен дух, кој носеше ведрина, мотивација и инспирација да се пребродат дури и најтешките животни предизвици.

Сега сите заедно да дејствуваме во розовиот октомври и да ја продолжиме нејзината мисија. Check your boobs (проверете ги вашите гради) потсетува да бидете свесни за важноста од редовна самоконтрола, бидејќи ракот на дојка може да се превенира!

„Целта ми е да ја издигнам свеста за навремено откривање, па така секој еден преглед што ќе го поттикнам е голема среќа за мене”, изјави Марија во една пригода.

Нејзината цел отсега е и наша цел!

Придружете се на оваа иницијатива и не заборавајте: Check your boobs (проверете ги вашите гради)!“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тамара Тодевска на 39 изгледа подобро од кога било – прослави роденден со Лука и децата „Среќна сум за секоја ваша честитка, порака и желба – за уште многу години“ – на...
Денеска е „Огнена Марија“ – Што не треба да правите на овој ден? Се верува дека „Огнена Марија“ е сестра на громовникот Илија и слично како него,...
Скопјанката Моника кажа „да“ на Саемот за венчавки: Саканиот ја запроси на ревија, додека носеше кре... „Иако долги години сме во врска, не помислив дека мојот сегашен вереник ќе собер...
Љупка Митрова: „Моментот кога решив да ставам крај на бракот е моментот кога решив да почнам да се с... „Моментот кога решив да ставам крај со партнерот со кој сум поминала 15 години и...
Денес се слави Свети Василиј Велики – Ден за имендени и карневали Честит именден Василиј, Васил, Васе, Василија... Денес е првиот ден од Новата го...
Каролина зрачеше со сексапил на концертот во Скопје: „На 1-ви март добивам повеќе честитки отколку н... Каролина повторно покажа зошто е нашата поп-кралица: два часа пееше и играше, а ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg