„Наш водечки производ е македонскиот хамбургер, го служиме со компирите внатре прелиени во кечап и мајонез, точно како што јадевме во детството во Македонија. Секојдневно сè повеќе расте бројот на гости Американци, Азијати и од речиси сите страни на светот. Многумина ги привлекува натписот Macedonian Street Food, за да пробаат каква храна е тоа, па потоа пребаруваат на Google каде точно, Македонија е позиционирана на картата на светот“ – вели за CRNOBELO. Com Маја Јаковиќ Стојмирова, сопственичка на сендвичарата Babba Grill во САД, која им овозможува на луѓето да уживаат во традиционалните македонски специјалитети.