Ирина Дишовска не се откажува од планинарење ниту во бременоста – го покажа трудничкото стомаче на планински врв (фото)
- Детали
- недела, 12 март 2023
Нашата планинарка Ирина Дишо, која неодамна направи свадба со Павле Камилоски, објави фотки и видеа од планинскиот врв Бајрак на Караџица – го покажа трудничкото стомаче и планинскиот пикник во кој ужива.
Ирина Дишовска е една од нашите најфит планинарки, која е позната по нејзините планинарски подвизи, од кои не се откажува ниту во бременоста.
На крајот од февруари, таа блесна со труднички и невестински сјај во венчаница, на свадбата со својот избраник Павле Камилоски.
За свадбата, таа откри дека и покрај тоа што беше во 6-иот месец од бременоста, цел ден од утрото од 11 часот до 1 по полноќ била во штикли од 10cm висина.
Сега, таа објави фотки во спортски, планински аутфит, од врвот Бајрак на Караџица, од каде ги покажа убавините на нашите планини, уживањето во планински пикник, но и позираше со трудничкото стомаче.
Прочитајте и Ирина Дишовска за CRNOBELO.com: „Павле ми отпеа неколку песни, најубав миг ми беше кога пред Бога нѐ прогласија за маж и жена“
М. М. | Црнобело / фото: Инстаграм Стори