Ирена Илиевска за CRNOBELO.com: „Уживав во снимањето на новата серија ‘Бистра Вода’, Македонците се жедни за македонска продукција“

„Кога ќе ми завршеше снимачкиот ден, ми беше жал што утре не сум повторно на снимање, просто не сакаш да си заминеш од сет. Во ‘Бистра Вода’ го играм ликот на Ана, која живее со својот татко инвалид и својот помал брат, средношколец“, вели Ирена Илиевска, за новата серија, која се емитува на ТВ Алфа секоја недела во 20 часот.

irena-ilievska-za-crnobelo-com-uzhivav-vo-snimanjeto-na-novata-serija-bistra-voda-makedoncite-se-zhedni-za-makedonska-produkcija-01.jpg

Во неделата на 5-ти март на ТВ Алфа се емитуваше првата епизода од македонската серија „Бистра Вода“ и не можеме да бидеме посреќни.

Интересна и интригантна, оваа крими серија, прва од овој тип во Македонија, нè намами едвај да го чекаме емитувањето на втората епизода.

Дел од  актерскиот тим во оваа серија е и Ирена Илиевска. Таа во серијата го глуми ликот на скромната Ана.

irena-ilievska-za-crnobelo-com-uzhivav-vo-snimanjeto-na-novata-serija-bistra-voda-makedoncite-se-zhedni-za-makedonska-produkcija-02.jpg

Со неа поразговаравме какво искуство беше снимањето на „Бистра Вода“.

Инаку, сценарист и режисер на серијата е Јани Бојаџи, а актерската екипа ја сочинуваат над 70 актери од Македонија, меѓу кои Мони Дамевски, Јелена Жугиќ, Дејан Лилиќ, Зоран Љутков, Роберт Вељановски, Васил Зафирчев, Горан Стојановски, Владо Јовановски, Маја Љутков, Мето Јовановски, Јана Вељановска, Славица Манаскова, Рубенс Муратовски, Григор Јовановски и многу други.

irena-ilievska-za-crnobelo-com-uzhivav-vo-snimanjeto-na-novata-serija-bistra-voda-makedoncite-se-zhedni-za-makedonska-produkcija-03.jpg

Ирена за CRNOBELO.com вели:

„Бистра Вода беше едно од поголемите актерски искуства пред камера за мене.

Неверојатно е колку многу ни недостасува да се снима повеќе и почесто. Неретко кажувам дека тоа е сосема различна професија, со сосема различен пристап, подготовка и реализација, од театарската пракса.

Како и да е, и двете бараат сериозен пристап, анализа, претходна подготовка и пракса пред сè, затоа што ова коешто го работиме е жива материја, не е нешто што може да се научи од книга, да се седне во канцеларија и да се применува, тука праксата е пред сè.

Токму затоа имаме потреба од многу повеќе вакви проекти.

irena-ilievska-za-crnobelo-com-uzhivav-vo-snimanjeto-na-novata-serija-bistra-voda-makedoncite-se-zhedni-za-makedonska-produkcija-04.jpg

Со режисерот на серијата Јани Бојаџи се познавам веќе 10 години и исто толку години соработуваме. Досега сме работеле на театарски, филмски и телевизиски проекти, па оттаму слободно можам да кажам дека Јани е единствениот режисер, кој етапно го прати мојот професионален развој.

Атмосферата на снимањето беше смирена, без никаков притисок, со многу разбирање, дискусии и многу работа. Кога ќе ми завршеше снимачкиот ден, ми беше жал што утре не сум повторно на снимање, просто не сакаш да си заминеш од сет. Кога имате таков процес, не може да немате добар продукт.

Позитивно сум изненадена и возбудена од тоа како луѓето ја прифатија првата епизода и со какво нетрпение ја очекуваат секоја наредна.

Можам да им ветам дека ќе уживаат во секоја епизода, а возбудата и исчекувањето да видиме што следи, ќе расте сè повеќе и повеќе.

irena-ilievska-za-crnobelo-com-uzhivav-vo-snimanjeto-na-novata-serija-bistra-voda-makedoncite-se-zhedni-za-makedonska-produkcija-05.jpg

Не ја кријам среќата што сум дел од првата крими серија во Македонија. Колку и да е чудно тоа, но нашите соседи од Балканот веќе одамна снимаат ваков тип на серии, а ние сега за првпат го правиме тоа.

Сепак, мора од некаде да се почне и искрено се надевам дека „Бистра вода“ ќе биде почеток и поттик за една серија од нови проекти. Исто како што се надевам и знам дека „Бистра Вода“ нема да застане тука.

Народот е жеден за своја продукција, за македонски филмови и серии и затоа овој „инцидент“, мора да стане пракса.

Воопшто не сакам да откривам предвреме за дејствието и за мојот лик, со цел да ја задржиме возбудата и исчекувањето до крај, но ќе се обидам да зборувам без да откријам премногу.

irena-ilievska-za-crnobelo-com-uzhivav-vo-snimanjeto-na-novata-serija-bistra-voda-makedoncite-se-zhedni-za-makedonska-produkcija-06.jpg

Во „Бистра Вода“ го играм ликот на Ана, која живее со својот татко инвалид и својот помал брат, средношколец, тие воедно се и единственото сиромашно семејство во серијата.

Ана е одраз на чесноста, пожртвуваноста, знаењето, борбата со сè што е гнило во општеството, од директори, институции и ред други неправди со кои таа мора сама да се избори, за да може да го износи својот товар на плеќите и да го издржува своето семејство.

Целата нејзина приказна доживува огромен пресврт, па останува да видиме до крајот дали Ана ќе потклекне на притисоците или правдата ќе дојде по своето и ќе ги израмни сметките.

Доволно е за сега, сепак најмногу сакам изненадувањата да останат изненадувања.“

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дарко Илиевски доби ќерка – Ѝ даде име со посебно значење за семејството „Среќата го достигна својот максимум. Ми се роди ќерка. Ана Ирена Илиевска ни до...
Кои се најпознатите браќа на македонската јавна сцена? Успешни музичари, одлични спортисти... Кои се најпознатите браќа на нашата јавна...
CRNOBELO анкета: Кои се најважните жени во животот на успешните Македонци? „Би ѝ се заблагодарил на мојата сопруга којашто ме поддржува во сѐ ова што го пр...
Тони Зен со семејството во Италија, Катарина ужива со ќерката на Охридско Езеро: Што прават македонс... Поп-дивата Калиопи одржа концерт за паметење во Охрид, а во празничниот илинденс...
Дедо Ѓорѓи од Радовиш наполни 100 години - Секој ден пешачи, денот го започнува со мед и млеко „Тој постојано пешачи и се труди секој ден да има умерена физичка активност. Нај...
Ирена Спировска слави 50-ти роденден на море - изгледа одлично во бикини „Кога си роден во јуни, неизбежно е да го сакаш летото, кога си Рак во хороскоп,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg