Дарко Илиевски доби ќерка – Ѝ даде име со посебно значење за семејството
- Детали
- сабота, 06 април 2024
„Среќата го достигна својот максимум. Ми се роди ќерка. Ана Ирена Илиевска ни дојде на светот“ – објави пејачот Дарко Илиевски на Инстаграм Стори.
Пејачот Дарко Илиевски и неговата сопруга Ирена добија ќерка.
Пејачот кој со прослави со шоуто „Идол“ во екот на најголемата популарност се пресели во Америка не ја крие среќата од тоа што го добил своето второ дете.
„Среќата го достигна својот максимум. Ми се роди ќерка. Ана Ирена Илиевска ни дојде на светот“ – напиша тој на Инстаграм Стори.
Забележително е дека пејачот и неговата сопруга во духот на американските обичаи на своите деца им даваат по две имиња, па така синот се вика Матео Ноа, а и ќерката ќе има две имиња: Ана Ирена.
Во ексклузивно интервју за CRNOBELO.com, претходно Дарко откри дека за средно име на ќерката го избрале името на неговата прерано почината вујна, која има посебно место во нивните животи.
„Посебно сум среќен што ќе имам и син и ќерка. Ќерката е секогаш татина маза, па се надевам дека и во овој случај ќе биде така“ - рече во интервјуто Дарко.
За тоа како Дарко Илиевски се снаоѓа како татко прочитајте повеќе ТУКА.
Б. С. Б. | Црнобело