Се смеев до солзи кога водителите Тино и Атанас кажаа дека Ламбе направил камбек на сцената и буквално ја запалил и кога изјавија дека во поплавениот МНТ нема ајкула, туку тоа е Сашко Коцев кој плива грбно, се ежев додека пееја ДНК, Меморија и Некст Тајм, а салата буквално грмеше, но најтрогната бев од дуетот на Ефто Пупиноски и Блага Петреска – да, такви уметници имаме, кои траат и се гордост македонска, симбол за убавата македонска песна... И, искрено, бев носталгична по Сашко Коцев, но, очекувањата од домаќините повторно ми беа исполнети. Браво Бубамара!