Катарина Ивановска зрачи со сексапил во фустан на моден бренд од Париз – чини 15.000 денари (фото)
- Детали
- вторник, 21 март 2023
„Офф каков викенд“ – напиша до фотографиите нашата, а светска, Катарина Ивановска, која се фотографираше во фустан од познат француски бренд - креацијата чини 15.000 денари, а таа ја носи подобро од моделите кои ја промовираат.
Нашата позната манекенка со светска кариера Катарина Ивановска се пофали дека имала прекрасен викенд во Старата скопска чаршија, така што на Инстаграм сподели фотографии на кои изгледа навистина неодоливо и зрачи со сексапил.
https://www.instagram.com/p/CqC1yJ-IqJg/
Во фустан од познатиот бренд од Париз, МAJE, во комбинација со чизми со високи потпетици и дезенирани, високи, секси чорапи, Катарина мами воздишки.
На прв поглед аутфитот наликува на кошула со здолниште, но како што може да се види на официјалната страница на брендот, станува збор за фустан.
Нашата позната манекенка изгледот го надополни со шминка со зачадени очи, како и со модерна фризура во стилот на познатата актерка Зендеја.
Стајлингот на Катарина:
Б. С. Б. | Црнобело