Лила Филиповска по исповедта за ракот: „Ќе зборувам за мојот пат за да помогнам некому што можеби го поминува истото“

„Во наредниов период подетално ќе зборувам за мојот пат сè со цел да помогнам некому што можеби го поминува истото затоа што во вакви моменти поддршката е најважна...“, најави Лила Филиповска по извојувањето на битката со ракот. Таа се заблагодари на сета љубов и поддршка.

lila-filipovska-po-ispovedta-za-rakot-sekoj-ima-svoja-borba-i-nikogash-ne-znaesh-koj-so-kakov-problem-se-soochuva-01.jpg

Лила Филиповска по долг период говорење дека имала тешка година зад себе, откри дека всушност се борела со ракот и успешно ја извојувала оваа битка.

Таа проговори отворено за да им даде поддршка и на другите кои се соочуваат со оваа дијагноза и моментално ги живеат најтешките мигови од нивните животи.

По нејзиното појавување со кратка коса, Лила доби лавина од коментари за поддршка и се огласи на Инстаграм.

Овојпат таа откри:

„Еве баш вака сум насмеана заради илјадниците пораки што ги добив од вас драги пријатели, тони љубов и желби за добро здравје. А што друго ни треба? Ако немаш здравје немаш ништо!

View this post on Instagram

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

Ама кога го имаме често забораваме да го цениме.

Секој има своја борба, и никогаш не знаеш кој со каков проблем се соочува… затоа секогаш биди љубезен барем тоа е бесплатно.

lila-filipovska-po-ispovedta-za-rakot-sekoj-ima-svoja-borba-i-nikogash-ne-znaesh-koj-so-kakov-problem-se-soochuva-05.jpg

Жалам што не можам на сите да ви вратам на прекрасните пораки, но еве на овој начин сакам да ви се заблагодарам искрено и од срце за одвоеното време и убавите желби.

lila-filipovska-po-ispovedta-za-rakot-sekoj-ima-svoja-borba-i-nikogash-ne-znaesh-koj-so-kakov-problem-se-soochuva-06.jpg

Во наредниов период подетално ќе зборувам за мојот пат сè со цел да помогнам некому што можеби го поминува истото затоа што во вакви моменти поддршката е најважна и ве молам секогаш кога можете давајте ја, затоа што тоа е главната сила во битката со секое зло, па и со ова.

Ве сака ваша Лила“

lila-filipovska-po-ispovedta-za-rakot-sekoj-ima-svoja-borba-i-nikogash-ne-znaesh-koj-so-kakov-problem-se-soochuva-04.jpg

lila-filipovska-po-ispovedta-za-rakot-sekoj-ima-svoja-borba-i-nikogash-ne-znaesh-koj-so-kakov-problem-se-soochuva-02.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лила по 4 месеци повторно на Бали: „Затоа што еднаш не е доволно“ Лила Филиповска повторно ужива на Бали, само неколку месеци откако го посети ост...
Лила Филиповска емотивна за 30-тиот роденден на синот: „Ти си мојата сила, мојот панцир, мојот двига... „За мене секогаш ќе останеш ‘моето дете’, иако денес полниш 30 години! Со овие з...
Лила Филиповска за ракот на дојка: „На син ми му реков - Канцер е, но ќе го средиме, немој да се сек... „Дијагнозата е најтешкото нешто, затоа што кога ќе се каже канцер, како да ти ка...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Наташа Фигурела цело лето е на грчки остров: „Првпат дојдов на Миконос во 2004 година и се заљубив в... „Почнав секоја година да доаѓам на Миконос, бидејќи на овој остров се чувствувам...
Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg