Лила Филиповска за првпат се појави на настан со кратка коса – блеска со самодоверба и елеганција, по борбата со ракот (фото)
- Детали
- петок, 10 март 2023
Лила продефилира на Саемот за венчавки во црна тоалета со висок шлиц и за првпат со својата природна, кратка коса, откако откри дека се изборила со ракот – уште еднаш покажа како изгледа жена лавица.
На отворањето на Саемот за венчавки, што се одржа вечерва во хотелот Александар Палас, помеѓу многуте познати личности кои продефилираа на модната писта во венчаници, беше и Лила Филиповска.
Таа се појави во моќно издание, облечена во црна тоалета со висок шлиц и за првпат со својата природна, кратка коса, откако откри дека се изборила со ракот.
На настанот, нашата водителка блескаше со самодоверба и елеганција, и покажа како изгледа жена лавица, која може да се носи со сè со исправена глава, откако претходно проговори за битката со цел да ги охрабри сите останати кои поминуваат низ истото.
фото: Инстаграм Стори
Во интервју за „Убавина и Здравје“, Лила за првпат проговори за најтешката животна битка, од која излезе како победник.
„Прв пат зборувам за мојата борба со канцерот, но не да ве траоризирам туку да ви кажам дека го победив тоа зло после година и кусур борба и дека сум тука да помогнам некому заедно да го победиме. Не заборавајте канцерот НЕ Е НЕПОБЕДЛИВ !!!! Јас сум доказ !!!!“ - напиша таа на својот Инстаграм профил.
М. М. | Црнобело / фото: Инстаграм