Ја нарекуваа охридскиот делфин, на 11 години ги урна сите југословенски рекорди во пливање: Приказната за Атина Бојаџи

Атина Бојаџи, една од најпопуларните пливачки во времето на Југославија, и тринаесет години по својата смрт, го носи прекарот „охридски делфин“. За дамата која на 11-годишна возраст ги собори сите југословенски рекорди во пливање, a потоа стана и прва жена од Балканот што го преплива Ла Манш, го гордост се зборува и денес.

ja-narekuvaa-ohridskiot-delfin-na-godini-gi-urna-site-jugoslovenski-rekordi-vo-plivanje-prikaznata-za-atina-bojadji-prvata-zhena-od-balkanot-shto-go-prepliva-la-mansh-01.jpg

Атина Бојаџи беше неверојатно талентирана пливачка. До толку што и денешните генерации млади пливачи велат дека им е идол чиј успех сакаат да го повторат.

Во продолжение повеќе интересни факти за неа:

Атина на 11-годишна возраст ги соборила сите југословенски рекорди во слободно пливање и делфин на кратки патеки, а на 18 години станала најмладата победничка на Охридскиот маратон.

Потоа ја пливала трката од Капри до Неапол и ги обединила титулите светски шампион во солена и свежа вода.

ja-narekuvaa-ohridskiot-delfin-na-godini-gi-urna-site-jugoslovenski-rekordi-vo-plivanje-prikaznata-za-atina-bojadji-prvata-zhena-od-balkanot-shto-go-prepliva-la-mansh-03.jpg

Но, најголемиот подвиг што го направила Бојаџи, а со тоа си го запиша и името во историјата на пливањето, се случил на 9-ти септември 1969 година, кога го препливала Ла Манш, на место каде што каналот е широк 34 километри.

Атина стана првата Југословенка што го препливала каналот. На брегот излегла во 20.05 часот, повеќе давејќи се отколку пливајќи, но сепак сама стигнала до целта. Во каналот Ла Манш пливала без престан 13 часа и 20 минути.

ja-narekuvaa-ohridskiot-delfin-na-godini-gi-urna-site-jugoslovenski-rekordi-vo-plivanje-prikaznata-za-atina-bojadji-prvata-zhena-od-balkanot-shto-go-prepliva-la-mansh-02.jpg

Но, долгото време поминато во водата бил само еден од проблемите со кои се соочила Атина.

Додека пливала кон англискиот брег, таа поминала низ јато медузи, и пробувајќи да се тргне од нив, една ѝ се залепила на ногата. Сепак, Атина успеала да се заштити од силни опекотини благодарение на дебелиот слој заштитна маст со кој се премачкала пред да почне со својот подвиг.

Друг голем проблем бил студената вода на Ла Манш, чија температура не надминува 16 степени.

la_mans.jpg

Првите знаци на замор почнала да ги покажува по седум часа пливање, а кризите станувале сè почести и посилни како што одминувало времето.

„Викаше дека не може повеќе, плачеше и врескаше од морето. Нејзините тренери се плашеа дека во очај може дури и да проба да се задржи за чамецот што ја следеше, а тоа автоматски ќе ја дисквалификуваше и немаше да се смета за препливување“ - раскажа неколку дена подоцна еден од луѓето што ја следеше со чамец по Ла Манш.

Според правилото, не било доволно само да се застане на копно, туку требало и да се качи на суво и да се исправи со двете нозе за брановите да не ѝ ги допрат стапалата.

ja-narekuvaa-ohridskiot-delfin-na-godini-gi-urna-site-jugoslovenski-rekordi-vo-plivanje-prikaznata-za-atina-bojadji-prvata-zhena-od-balkanot-shto-go-prepliva-la-mansh-04.jpg

Таа за малку немала да успее да го искачи сувиот дел од брегот. Едвај се извлекла со рацете, се сопнувала и со последните сили застанала на суво, а потоа паднала во несвест додека телото ѝ се грчело.

И покрај драматичната сцена што ја гледале пред себе, луѓето околу неа биле обземени од општа радост поради успехот што го постигнала.

Веќе следниот ден во медиумите се појавиле фотографии од Бојаџи која излегува на плажата во Англија со грч и болка на лицето, со вознемирен израз од замор.

ja-narekuvaa-ohridskiot-delfin-na-godini-gi-urna-site-jugoslovenski-rekordi-vo-plivanje-prikaznata-za-atina-bojadji-prvata-zhena-od-balkanot-shto-go-prepliva-la-mansh-05.jpg

Пред неа овој подвиг од поранешните југословенски простори го постигнал само Нико Нестор во 1959-та година.

Осум години подоцна, во 1978- ма година, во чест на фантастичниот успех на Атина е снимен филмот „Исправи се, Делфина“ со Неда Арнериќ во главната улога.

Филмот бил еден од најголемите хитови во кино во тој период, а и денес често се репризира на телевизија.

Бојаџи беше еден од соработниците на филмот и во некои сцени таа пливала наместо актерката.

„Има некои работи и настани во животот кои никогаш не можат да се заборават, бидејќи сè ве потсетува на нив, или кои не сакате да ги потиснете од вашата меморија.

Сите ние заборавени спортски асови, како што некогаш нè нарекуваа, имаме такви моменти. Спортските резултати, подвизи и рекорди, медали и трофеи често се сè што имаме, еден вид фетиш што не дозволуваме да биде допрен.

Тешко на оние што ќе се обидат да ни го украдат“ - рече Бојаџи во интервју 1978-ма година, на премиерата на филмот „Исправи се, Делфина“.

Откако ја заврши пливачката кариера, таа се посвети на тренерската работа, прво во „Црвена ѕвезда“ во Белград, а потоа во спортски центар во Лос Анџелес.

Во јануари 1998-ма година Македонскиот олимписки комитет ѝ ја додели титулата џин на македонскиот спорт, а во 2000-та година дневниот весник „Утрински весник“ ја прогласи за спортистка на векот.

ja-narekuvaa-ohridskiot-delfin-na-godini-gi-urna-site-jugoslovenski-rekordi-vo-plivanje-prikaznata-za-atina-bojadji-prvata-zhena-od-balkanot-shto-go-prepliva-la-mansh-11.jpg

Атина почина во Скопје по кратко боледување на 28-ми декември 2010 година.

ja-narekuvaa-ohridskiot-delfin-na-godini-gi-urna-site-jugoslovenski-rekordi-vo-plivanje-prikaznata-za-atina-bojadji-prvata-zhena-od-balkanot-shto-go-prepliva-la-mansh-05.png

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Лила Филиповска емотивна за 30-тиот роденден на синот: „Ти си мојата сила, мојот панцир, мојот двига... „За мене секогаш ќе останеш ‘моето дете’, иако денес полниш 30 години! Со овие з...
Ирина Дишовска објави дека чека второ дете со Павле Камилоски – 1 година по раѓањето на синот „Уште едно бебе е на пат“ – напиша Ирина Дишовска до фотките на Инстаграм, со ко...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg