За најмоќните во Македонија - Во тек е пријавувањето за трка со пешадиски препреки

Трчањето со совладување пешадиски препреки, како и многу други физички активности, најпрво се користело во рамки на Војските. Целта на овие физички активности, меѓу кои и трчањето со препреки (ObstacleCourseRacing) била да се создадат силни, агилни, брзи и издржливи воени единици кои ќе бидат спремни да одговорат на разни предизвици.

za-najmokjnite-vo-makedonija-vo-tek-e-prijavuvanjeto-za-trka-so-peshadiski-prepreki-01.jpg

Ваквиот концепт на тренирање бил забележан уште во античкиот период, помеѓу добро познатите Легионерски единци. Они го користеле овој начин исто така да ја исполнат горенаведената цел, односно да стекнат агилност, сила и издржливост. Поновите записи за создавање на овој концепт (Трчање со совладување пешадиски препреки) како формален тренинг систем, датираат од 20от век, односно за прв патGeorgesHebart го воведува овој тренинг систем во Француската Армија, поточно во одделот на француската морнарица.

za-najmokjnite-vo-makedonija-vo-tek-e-prijavuvanjeto-za-trka-so-peshadiski-prepreki-03.jpg

Сè до 1987 година, овој концепт на физичка активност, пред сè се одвивал во затворени рамки, најчесто институционално. Истата година, се организира првата јавна трка која го содржи истиот концепт на активност, со должина од 15 км. Одтогашпадоденешенден, OCR (ObstacleCourseRacing) претставува компетитивен спорт кој стреми кон Олимипска препознатливост.

za-najmokjnite-vo-makedonija-vo-tek-e-prijavuvanjeto-za-trka-so-peshadiski-prepreki-09.jpg

Како изгледа OCR трка од блиску?

Генерално земено, трките со пешадиски препреки не ангажираат конкретни критериуми, но постојат универзални правила во смисла на какви препреки влегуваат во игра. Трките најчесто се одржуваат во природа, на нерамен терен, односно со нагорнини и надолнини. Должината на истите е флексибилна и најчесто е одредена од страна на можностите со кои располага организаторот, но најчесто должината на трките варираат од 10 до 20 километри.

za-najmokjnite-vo-makedonija-vo-tek-e-prijavuvanjeto-za-trka-so-peshadiski-prepreki-06.jpg

Препреките се оние кои што сте ги гледале дури и на филмови, скокање ѕидови, качување јажиња, пливање, носење товар и тн.Секоја трка со пешадиски препреки, стартува во бранови на натпреварувачи. Причината е да се избегне гужвата која може да се создаде веќе на првата препрека и да предизвика повреди, па дури и неправилности. Затоа, стартот на ваквите трки е поделен на повеќе од 5 групи (во зависност од колку учесници има) и истите тргнуваат на секои 5, 10 или 15 минути растојание.

Правилата за време на трката најчесто се акцентираат во делот на препреките. Доколку некој натпреварувач не може или не успее да совлада препрека, истиот прави 20 склекови ( 20 Burpee) кои имаат за цел да го отежнат остатокот од трката на натпреварувачот.

za-najmokjnite-vo-makedonija-vo-tek-e-prijavuvanjeto-za-trka-so-peshadiski-prepreki-10.jpg

ОCR во институционални рамки

Трките со пешадиски препреки најчесто се организирани од приватни организации, ентузијасти и спортски љубители. Но, денеска спортот има и свое сидриште, а тоа е Светската OCR федерација, која е составена од многу држави членки на оваа институција, кои истите имаат свој државни OCR федерации.

Спортот е исто така кандидат за да постане Олимписки спорт и полноправно да се најде на истото ниво со другите спортови на најголемиот спортски настан, а тоа се Олимписките спортски игри.

za-najmokjnite-vo-makedonija-vo-tek-e-prijavuvanjeto-za-trka-so-peshadiski-prepreki-07.jpg

OCR и Балканот

Балканскиот полуостров, можеме да кажеме дека неуморно партиципира во развојот на овој спорт. Државите на Балканот како: Србија, Бугарија, Романија и Грција се водечките во овој спорт. Преку 20 трки во секоја поединечна држава се одржуваат на годишно ниво, а тоа резултира со масовна посетеност, оформување клубови, здруженија, па дури и Федерации.

za-najmokjnite-vo-makedonija-vo-tek-e-prijavuvanjeto-za-trka-so-peshadiski-prepreki-06.jpg

OCR и Македонија

Гордо – нескромно кажано – го започнавме развојот на овој спорт во Македонија пред скоро 1 година. Нашето здружение “ОТАКУ” ја препозна потребата за еден ваков поинаков спорт во Македонија. Здружението е составено од професионалци, но најпрво од ентузијасти кои имаат за цел да поттикнат нови и спортски вредности во нашата држава.

za-najmokjnite-vo-makedonija-vo-tek-e-prijavuvanjeto-za-trka-so-peshadiski-prepreki-04.jpg

Во Мај 2022 за првпат ја организиравме LeunovoOCR, трка која го означи стартот на овој спорт во Македонија. Трката во Леуново помина подобро од очекуваното со преку 250 пријавени учесници. Мотивирани од искуството, се одлучивме спортот да го донесеме поблиску до луѓето и да ја организираме втората OCRтрка, во главниот Град Скопје.

za-najmokjnite-vo-makedonija-vo-tek-e-prijavuvanjeto-za-trka-so-peshadiski-prepreki-08.jpg

Мисијата која што сакаме да ја постигнеме преку организирање на OCR спортски трки и настани е да ги популаризирање помалку посетените и познати места во Македонија. Сметаме дека со тоа ќе помогнеме во развој на руралниот туризам од странска и домашна гледна точка.

za-najmokjnite-vo-makedonija-vo-tek-e-prijavuvanjeto-za-trka-so-peshadiski-prepreki-05.jpg

На 03.06 оваа година, ја потврдуваме по вторпат во Леуново нашата желба за здрав и активен начин на живот преку организирање на второто издание на LeunovoOCR 2023. Во тек се пријавите за трката и во овој момент тече вториот рок на пријави. Сите коишто сакаат да се пријават тоа можат да го направат на сајтот smartrace.club каде што ќе ја одберат трката Leunovo OCR.

za-najmokjnite-vo-makedonija-vo-tek-e-prijavuvanjeto-za-trka-so-peshadiski-prepreki-02.jpg

Доколку сакаат да се информираат пред да се пријават тоа можат да го направат преку социјалните медиуми каде може да не најдат под името ocrmacedonia или на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. Потрагата за финансиска или логистичка поддршка која директно ќе ја зајакне нашата организација оди доста тешко , би сакале да упатиме еден повик до сите компании којшто би сакале да помогнат во развојот на OCR спортот во Македонија доколку се во можност да одделат мал дел од буџетот за маркетинг со што би направиле голема работа во развојот на овој спорт.

Спортот носи вредност. Вредноста ја јакне нацијата.

Напишал: Димитар Тодоровски

Би можело да ве интересира:

Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Мајка и ќерка од Македонија позираат во стилот на Бијонсе – со бикини, каубојски шешири и чизми (фот... Облечени во црни бикини, со каубојски шешири и чизми, д-р Нена од Неготино и ќер...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg