„Јас, на пример, после моето учество во „Ѕвездите на Гранд“ објавив песна на српски јазик. Еден куп квази патриоти ми се дрзнаа со неосновани критики. Прво, им бодеше очи моето појавување во веќе споменатото шоу, демек било шунд, а потоа и мојата песна која е на српски јазик. Еве, сега објавив на македонски, но...“, се жали пејачот Марио Арангеловски (27) и ја споменува неговата менторка од Гранд, Јелена Карлеуша.