Браво! Ива Спасовска го прослави 33-иот роденден и готвеше топли оброци за бездомните лица
- Детали
- петок, 17 февруари 2023
Ива со часови лупеше, сечкаше, готвеше и пакуваше храна за бездомните лица во Скопје. Вели дека случувањата со земјотресот во Турција навистина ја погодиле, особено што станува збор за родната земја на нејзиниот партнер, и дека сака најмногу што може да им помогне на луѓето кои имаат потреба од тоа. Убава порака, зарем не?
Ива Спасовска го прослави својот 33-ти роденден, а целиот овој роденденски период, нашата дизајнерка го посвети на хуманитарни акции.
Покрај апелот за собирање на храна за гладните и бездомни животни во градот, таа направи уште еден прекрасен потег.
Со партнерот од Турција, цел ден го посвети на готвење топли оброци за бездомните лица во Скопје.
Откако приготви вкусно јадење, таа го спакува во пластични садови и заедно со овошје и лепче го комплетираше оброкот и го однесе пред Мајка Тереза во Центар.
Скриншот од Инстаграм видео на Ива
Ива порача дека секој може да го направи ова и дека нечие малку за некого е многу.
Нејзината објава гласи:
„Лесно е да помогнеме, му благодарам на Бога што не сме од другата страна, не можам ни да замислам како им е на беспомошните, НО едно знам, тој што помага на друг си помага себеси да допре до вистинската суштина на животот…
Сите можеме да зготвиме или купиме храна и да нахраниме луѓе кои немаат што да јадат… Во Скопје тоа можеме да го направиме со помош на @actmakedonija секој вторник во 18:00 ч. кај Мајка Тереза во Центар.“
Ива пред извесен период прослави и 10 години постоење на нејзиното модно ателје.
С. С. | Црнобело