Раскошниот тематски роденден на водителката Елена Најдоски - спектакуларен аутфит, бројни декорации (фото)
- Детали
- вторник, 21 февруари 2023
Со виолинистки, многу перје, гости во соодветни аутфити и таа во улога на „кралица на вечерта“... Елена Најдоски си организираше гламурозен роденден за паметење.
Елена Најдоски, водителката на емисијата „Живот со стил“, си го прослави роденденот во домашна атмосфера со тематска забава.
Инспирација ѝ беше филмот „Great Gatsby“ и гламурот од 20-тите години на минатиот век.
Со бисери, перје и светкав аутфит, Елена комплетно го имаше доловено раскошот од тој период.
Славеше со сопругот Бојан, но и многу роднини и пријатели.
Со помош на светкави балони, мафини и низа декорации, Елена успеа да ја долови темата на совршен начин.
Елена по роденденот порача: „Со радост и благодарност да го живеете секој нов ден.“
Фотографии и видеа од прославата:
Прочитајте и Елена Најдоски со раскошна роденденска прослава го изненади сопругот - црна торта, сјајни декорации (фото)
С. С. | Црнобело / фото: Антонио Станков