Елена Ристеска разиграна и енергична на настап во Скопје (фото)
- Детали
- среда, 04 септември 2024
Разиграна и полна со енергија, Елена Ристеска (38) блесна на сцената во еден скопски локал, а за оваа пригода избра црно кусо фустанче со корсет.
Елена Ристеска настапи во локал во Скопје по повод прослава на една наша компанија, каде се појави во кусо црно фустанче и покажа дека покрај моќен вокал, има и динамика и енергија, како и денот кога првпат се појави на нашата музичка сцена.
Со мрежести хулахопки и очила за сонце, Елена пееше и играше цела ноќ, а во еден миг сцената ја подели и со музичарот Мики Јовановски-Џафер.
На својот Инстаграм профил таа напиша: „Легендо Мики Јовановски-Џафер секоја чест што ми се придружи на сцената“.
Повеќе фотографии од Елена, направени од студиото Фото Маестро:
С. С. | Црнобело / фото: Фото Маестро