Елена Најдоски со раскошна роденденска прослава го изненади сопругот - црна торта, сјајни декорации (фото)
- Детали
- среда, 12 октомври 2022
Со црно-златно пано и декорации за пречек на гостите, впечатлива торта и во црн фустан со висок шлиц, Елена „Живот со стил“ го изненади сопругот. „Фала на судбината што нè спои во сегашното НИЕ, затоа што НИЕ ми е најважниот животен пат...“, напиша таа за саканиот Бојан.
Елена Најдоски во јули му вети љубов до крајот на животот на својот сакан Бојан, а сега го изненади со раскошна роденденска прослава.
Таа за неговиот роденден организираше бенд во живо, односно пееше Иван Јованов, кој е долгогодишен пријател на нејзиниот сопруг, а Елена на саканиот му порача специфична црна торта со овошје.
На влезот од локалот имаше црно златна позадина за фотографирање со гостите.
Разиграни и насмеани, Елена и Бојан очигледно уживаат во брачниот живот, по свадбената церемонија во „DoubleTree by Hilton“ и крстарењето по грчките острови по прославата.
Елена во интервју за CRNOBELO.com откри дека медениот месец планираат да им биде допрва и тоа на некоја егзотична дестинација.
За храната беше задолжен готвачот Никола Мишовски кој стана препознатлив по кулинарското шоу „Брза кујна“.
На роденденот Елена му посвети емотивна порака на Бојан:
„Денес е посебен ден, ден полн со љубов и нежност, ден кој не е обичен вторник 11.10... туку негов роденден. На денешен ден се раѓа еден дечко кој е посебен, романтичен и ме освои од прва пред 4 години. А денес е мој сопруг.
Фала на судбината што нè спои во сегашното НИЕ, затоа што НИЕ ми е најважниот животен пат, мојата среќа и тага, мојата поддршка и партнер во сè. Те сакам Бојан Најдоски.“
Прочитајте и Елена „Живот со стил“ за свадбата со саканиот Бојан: „Сменивме локација во последните 48 часа, но ја имав својата италијанска бајка“
С. С. | Црнобело