Елена Најдоски на крстарење со сопругот по грчките острови - зајдисонце на Лефкада, најубавата плажа на Закинтос
- Детали
- вторник, 30 август 2022
Oд поглед од море кон најубавата плажа на Закинтос „Navagio Beach (Shipwreck Beach)“ до спектакуларно зајдисонце на Лефкада, Елена и Бојан уживаат во крстарењето по Јонското Море.
Елена Стефановска по 3 години врска стапи во брак со својот избраник Бојан на бајковита свадбена церемонија на 9-ти јули годинава, а по напорните подготовки за свадбата парот се релаксираше на крстарење по грчките острови.
Елена и Бојан утрата ги дочекуваат уживајќи во погледот на прекрасната тиркизна вода на Јонското Море, а вечерите ги минува правејќи пауза во некој од спектакуларните локали на грчките острови.
Парот ги посети островите Кефалонија, Итака, Закинтос и Лефкада, а од неверојатни плажи до магични зајдисонца тие уживаат во секој миг од крстарењето.
По враќањето оттаму Елена објави:
„Е ова беше „Одмор за душа и рај за очи”. Една недела одмор со брод, на Јонско Море.
Од Лефкада до Закинтос, убавини насекаде.
А убавината во „одмор на брод” е слободата.
Можеш да правиш што сакаш!
Го фрлаш сидрото…
Пливаш и уживаш.“
Фотографии од одморот на вљубениот пар:
С. С. | Црнобело