Емотивен миг од болница во Македонија: Мајка ја сече сама папочната врвца, откако се породи во вода
- Детали
- вторник, 21 февруари 2023
„По породувањето во вода, мајката сама ја пресече папочната врвца и го зеде во прегратка своето најмило...“, споделија од приватна болница во Македонија и објавија фотографија од овој емотивен миг.
Од јануари 2020 година и во Македонија почнаа да се изведуваат породувања во вода, а деновиве во приватната болница „Плодност“ повторно беше родено бебенце на овој начин.
Одговорните од болницата споделија фотографија од мајката со новороденчето и тоа токму во мигот кога таа ја пресекува папочната врвца.
Објавата на Фејсбук гласи:
„И уште еден момент на незаборав во животот на една мајка. По денешното породување во вода, мајката сама ја пресече папочната врвца и го зеде во прегратка своето најмило...“
Фото: Фејсбук болница Плодност
С. С. | Црнобело