Македонката, која освои ерген во австралиско реално шоу, направи бајковита свадба - се играло и македонско оро
- Детали
- четврток, 16 март 2023
По 3 години љубовна врска, Ирена и „најпосакуваниот ерген во Австралија“ направија свадбена церемонија на 10-ти март во Мелбурн. Ирена Србиновска (33) со потекло од Битола периодов го живее својот сон... Свадба, па меден месец на Фиџи.
Ирена Србиновска (33) е природна, скромна, работи како медицинска сестра, потекнува од Битола, а живее во Австралија...
Таа победи во шоуто „The Bachelor 2020“ и го освои срцето на „најпосакуваниот ерген“ Локи Гилберт (33), кој од сите девојки ја избра токму неа за своја партнерка.
Сега, парот направи бајковита свадба и отпатува на меден месец во Фиџи. Откако го сретна Локи, Ирена го живее својот сон.
По 3 години љубовна врска, парот направи свадбена церемонија на 10-ти март во Мелбурн. Настанот беше романтичен и таен.
„Нашите гости мислеа дека се поканети да присуствуваат на забава по повод нашата веридба. Беше неверојатен момент кога сфатија дека всушност присуствуваат на нашата свадба“, вели Ирена.
Ирена и Локи живеат во Перт, а Ирена вели дека пример за добар брак ѝ е бракот на нејзините родители кој трае веќе 37 години.
Локи пак, романтично за саканата за магазинот „Who“ вели:
„Уверен сум дека со оваа жена покрај мене ќе траеме долго“.
Ирена откри дека 6 месеци во тајност ја планирале свадбата и знаеле само нивните родители, кумот и старосватицата. На свадбата имало 200 гости, а Локи вели дека најубав миг му бил кога ја видел Ирена како блеска во венчаницата.
Според македонската традиција, Ирена сакала на свадбата да има играње оро во круг. Таа вели дека свадбата била голема прослава по македонски терк.
Локи пак, бил задолжен за планирање на медениот месец и сега вљубениот пар ужива на Фиџи.
Повеќе фотографии од нивниот меден месец:
Прочитајте и Македонката што освои ерген во австралиско реално шоу: „Моето момче за првпат присуствуваше на македонска свадба и го водеше орото“
С. С. | Црнобело