Александра Шијакоска го прослави 30-тиот роденден - блесна во бел фустан и со ангелски крилја (фото)

Една година по тешките настани во нејзиниот живот, Александра Шијакоска е посреќна од кога било. Слави роденден со најблиските облечена во бело, откако на вистинскиот ден прослави со колешките и пријателки на инфлуенсерското патување во Маурициус.

aleksandra-shijakoska-vo-belo-go-proslavi-rodenden-edna-godina-otkako-se-operirashe-od-tumor-na-glavata-01.jpg

Инфлуенсерката Александра Шијакоска го прослави својот 30-ти роденден на Маурициус, но сега и со најблиските славеше и во Македонија, по враќањето од патувањето. 

Таа се забавуваше цел ден и објавуваше слики и видеа на социјалните мрежи од тоа како ѝ поминува денот, од шминка кај Зоран Шурбевски до фризурата што ѝ ја направи Октај Сејди, па потоа како се подготвува за фотосесија со фотографот и пријател Антонио Станков.

Александра на Инстаграм Стори објави неколку кратки видеа и слики од целодневната забава. Облечена во бел фустан, таа позираше со роденденската торта пред ѕид со големи бели ангелски крилја. Амбиентот го надополнија бели и сребрени балони.

Инаку роденденот на Шијакоска беше минатиот викенд и таа го прослави на Маурициус, заедно со Лила Филиповска, Тамара Тодевска, Биг Мама, Алмедина Исмајли и Аида Хусеин Бакији. 

Оттаму објави и неколку слики и емотивна порака, која гласеше:

„Дел од моето срце, душа и мисли:

Пред точно една година мислев дека го славам мојот последен роденден. Си собрав неколку од пријателите и семејството и сакав да имаме еден заеднички спомен по кој ќе ме памтат. Сакав да ме памтат каква што отсекогаш сум била. Насмеана, среќна и полна со живот и љубов.

Не сакав да ме памтат како Александра која се плаши од смртта. И навистина не се плашев, во ниеден момент. Длабоко во себе знаев дека мојата приказна не завршува тука и на ваков начин. Господ не ги остава своите деца сами и незаштитени.

Година подоцна го славам мојот 30-ти роденден на остров во Африка.

Прв пат славам роденден без семејството и пријателите и малку ми недостигаат, но сега имам два родендени па вториот ќе го прославиме заедно со нив. На 10-ти полнам една година од мојот нов живот.

А вие драги мои пријатели да сте здрави, живи и весели. Да имаме здравје, среќа и љубов, само тоа не се купува со пари, за се друго напорно ќе работиме за да си го оствариме.

Планирав голема забава за 30-ката ама и вака не е лошо. Ич не се бунам“, напиша таа.

Фотографии од нејзината прослава во Македонија:

aleksandra-shijakoska-vo-belo-go-proslavi-rodenden-edna-godina-otkako-se-operirashe-od-tumor-na-glavata-02.jpg

aleksandra-shijakoska-vo-belo-go-proslavi-rodenden-edna-godina-otkako-se-operirashe-od-tumor-na-glavata-05.jpg

aleksandra-shijakoska-vo-belo-go-proslavi-rodenden-edna-godina-otkako-se-operirashe-od-tumor-na-glavata-11.jpg

aleksandra-shijakoska-vo-belo-go-proslavi-rodenden-edna-godina-otkako-se-operirashe-od-tumor-na-glavata-04.jpg

aleksandra-shijakoska-vo-belo-go-proslavi-rodenden-edna-godina-otkako-se-operirashe-od-tumor-na-glavata-07.jpg

aleksandra-shijakoska-vo-belo-go-proslavi-rodenden-edna-godina-otkako-se-operirashe-od-tumor-na-glavata-06.jpg

aleksandra-shijakoska-vo-belo-go-proslavi-rodenden-edna-godina-otkako-se-operirashe-od-tumor-na-glavata-08.jpg

Прочитајте и Александра Шијакоска со емотивна објава од Маурициус: „Пред точно 1 година мислев дека го славам последниот роденден“

  А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бајковит прв роденден на девојче од Скопје - Мајката и славеничката во фустани во тон (фото) „Подготвувањето на роденденот на Лана ни траеше сигурно 2 месеца, но мислам дека...
„Семејството на прво место“: Елиф Елмас се пресели во Германија, па ги прошета саканите низ Берлин Откако на почетокот на годината потпиша за RB Leipzig и се пресели во Германија,...
Први фотки од свадбата на пејачката Александра Јанева - Невестата носи венчаница со смело деколте, ... Традиционална свадба со трубачи, бела венчаница и букет од бели рози. Пејачката ...
Александра Јанева на меден месец на Малдиви: Плива со ајкули, ужива на плажа со коктели „Се смеам, ама од ражите ми беше повеќе страв“, напиша Александра на Инстаграм, ...
Александра Јанева на роденденско патување во Хрватска со саканиот, кој ја запроси во Париз (фото) „Шо би кажала баба: Напуни 29, флезе у 30-та и 31-вата га закара…“, напиша пејач...
Александра Јанева на момински викенд во Белград: „Ми дојдоа другарки што живеат во САД и Европа, си ... Откако лани во ноември пејачката кажа ДА на патувањето во Париз со своето момче,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg