Александра Шијакоска со емотивна објава од Маурициус: „Пред точно 1 година мислев дека го славам последниот роденден“
- Детали
- недела, 05 март 2023
„Пред точно една година мислев дека го славам мојот последен роденден. Година подоцна го славам мојот 30-ти роденден на остров во Африка. Прв пат славам роденден без семејството и пријателите и малку ми недостигаат“ – инфлуенсерката Александра Шијакоска со емотивна објава откако минатата година помина тешка операција на тумор на мозокот.
Минатата година роденденот го прослави во исчекување за тоа каков ќе биде исходот од тешката операција за тумор на мозокот, а годинава нашата инфлуенсерка Александра Шијакоска овој важен ден го слави на егзотичен одмор во Маурициус.
Таа изминатите денови ужива во одморот на Маурициус во друштво на Лила Филиповска, Tамара Тодевска, Алмедина Исмајли, Аида Хусеин Бакији и Биг Мама.
Убавата битолчанка по повод својот 30-ти роденден на Инстаграм објави подолга порака во која се осврна на сè она што ѝ се случуваше во изминатата година, на тешката борба за животот низ која помина и за тоа какви ѝ се емоциите сега.
Во продолжение целиот опис на Шијакоска:
„Дел од моето срце, душа и мисли:
Пред точно една година мислев дека го славам мојот последен роденден. Си собрав неколку од пријателите и семејството и сакав да имаме еден заеднички спомен по кој ќе ме памтат. Сакав да ме памтат каква што отсекогаш сум била. Насмеана, среќна и полна со живот и љубов.
Не сакав да ме памтат како Александра која се плаши од смртта. И навистина не се плашев, во ниеден момент. Длабоко во себе знаев дека мојата приказна не завршува тука и на ваков начин. Господ не ги остава своите деца сами и незаштитени.
Година подоцна го славам мојот 30-ти роденден на остров во Африка.
Прв пат славам роденден без семејството и пријателите и малку ми недостигаат, но сега имам два родендени па вториот ќе го прославиме заедно со нив. На 10-ти полнам една година од мојот нов живот.
А вие драги мои пријатели да сте здрави, живи и весели. Да имаме здравје, среќа и љубов, само тоа не се купува со пари, за се друго напорно ќе работиме за да си го оствариме.“
На Инстаграм Стори Александра сподели дека со колешките со кои во моментов се наоѓа на одмор денот го одбележале со роденденска торта, па напиша:
„Тука три часа порано ми стигна роденденот“.
Освен тоа, таа објави уште една фотографија со која покажа дека нејзиното семејство се собрало во Битола за да го прослави и да ѝ го честита 30-иот роденден преку видео повик.
„Љубовта секогаш наоѓа начин. Дури и на другиот крај на светот“ – напиша таа на фотографијата.
„Планирав голема забава за 30-ката ама и вака не е лошо. Ич не се бунам“ – напиша таа на една од фотографиите на која се гледа како во монокини ужива на плажа во Маурициус.
Погледнете уште неколку фотографии од Александра во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело