Марија Петровска, поранешната водителка на „Бекстејџ“, направи „baby shower“ забава во Словенија пред породувањето
- Детали
- понеделник, 06 март 2023
Поранешната водителка на естрадниот магазин „Бекстејџ“, Марија Петровска, направи голема забава за раѓањето на бебето, еден месец пред да се породи. Таа забавата ја правеше во Словенија, каде што веќе седум години живее со сопругот Михаел.
Марија направи забава дома по повод очекувањето на приновата, по теркот на забавите што се прават во САД.
Многу интересни игри, кукли, шишенца со цуцли, подароци за идната мајка и за бебето, колачи и пијалаци во сина боја, бидејќи таа и сопругот ќе добијат син.
И домот им беше украсен во сина боја, со многу балони и пораки, во кои пријателките ѝ посакаа да ужива во мајчинството.
На забавата дојде и нејзиниот сопруг, иако вообичаено овие забави се прават за идната мајка и нејзините пријателки.
„Пресреќна сум што имам толку многу љубов во мојот живот“, напиша таа.
Марија беше една од првите водителки на „Бекстејџ“, а откако се пресели во Словенија, веќе не е дел од медиумскиот свет, но често во своите објави на социјалните мрежи знае да се потсети на времето кога беше меѓу популарните македонски водителки.
Откако објави дека е бремена, од колегите од „Бекстејџ“ доди интересен подарок за бебето, боди и лигавче со порака „Добредојде во нашето ‘Бекстејџ’ семејство“, а сликите ги објави на Инстаграм.
Повеќе фотографии погледнете подолу...
А. Ј. | Црнобело