Дечиња направија цртежи на фустанот на Марија Атанасова за Макфест – сега го продава за хуманитарни цели

Штипјанката Марија Атанасова на „Макфест“ се претстави со песната „Ти си ми сè“, а освен со извонредните вокални способности, вниманието го привлече и со акцијата за хуманост која ја покрена по завршувањето на фестивалот.

poteg-za-pofalba-marija-atanasova-na-makfest-noseshe-fustan-ukrasen-so-detski-crtezhi-a-go-donira-za-deca-so-posebni-potrebi-01.jpg

Штипјанката Марија Атанасова, годинава се претстави на фестивалот „Макфест“ во Штип со композицијата насловена „Ти си ми сѐ“.

Таа настапи со уникатен фустан изработен од рачињата на децата во објектите на детската градинка „Астибо“ во Штип, а потпишан од децата со специјални потреби.

На Фејсбук страната на детската градинка „Астибо“ се објавени фотки на кои може да се види како дечињата со своите вешти раце цртале и се потпишувале на белиот фустан на Марија.

На белиот фустан со кој Марија настапи на сцената во Домот на култура „Ацо Шопов“ во Штип беа пресликани детската фантазија и креативност.

А младата пејачка покажа дека како јавна личност сака да помогне и да направи промени за оние најранливите, на кои навистина им се потребни поддршка и помош.

poteg-za-pofalba-marija-atanasova-na-makfest-noseshe-fustan-ukrasen-so-detski-crtezhi-a-go-donira-za-deca-so-posebni-potrebi-04_copy.jpg
фото: Фејсбук - Gradinka Astibo 

„Со голема радост го ставам на аукција фустанот со кој настапив на Макфест 2024!

Овој уникатен фустан е украсен со цртежи направени од дечињата кои престојуваат во градинките Астибо во Штип и дечињата со попреченост од дневните центри во Штип, носејќи со себе топлина, љубов и искрени детски емоции.

Средствата собрани од аукцијата ќе бидат донирани за поддршка на деца со посебни потреби. Придружете се и помогнете да направиме разлика за овие мали херои!“ – напиша таа на Фејсбук.

Нејзиниот хуман чин е поздравен со голем број позитивни коментари и пофалби на социјалните мрежи.

poteg-za-pofalba-marija-atanasova-na-makfest-noseshe-fustan-ukrasen-so-detski-crtezhi-a-go-donira-za-deca-so-posebni-potrebi-03.jpg

Во продолжение погледнете повеќе фотографии од изработката на фустанот:

poteg-za-pofalba-marija-atanasova-na-makfest-noseshe-fustan-ukrasen-so-detski-crtezhi-a-go-donira-za-deca-so-posebni-potrebi-08.jpgФото: Фејсбук - Gradinka Astibo 

poteg-za-pofalba-marija-atanasova-na-makfest-noseshe-fustan-ukrasen-so-detski-crtezhi-a-go-donira-za-deca-so-posebni-potrebi-09.jpgФото: Фејсбук - Gradinka Astibo 

poteg-za-pofalba-marija-atanasova-na-makfest-noseshe-fustan-ukrasen-so-detski-crtezhi-a-go-donira-za-deca-so-posebni-potrebi-10.jpgФото: Фејсбук - Gradinka Astibo 

poteg-za-pofalba-marija-atanasova-na-makfest-noseshe-fustan-ukrasen-so-detski-crtezhi-a-go-donira-za-deca-so-posebni-potrebi-05.jpgФото: Фејсбук - Gradinka Astibo 

Б. С. Б. | Црнобело / фото: Фејсбук

Би можело да ве интересира:

Имала 12 бракови, го врати внукот со аутизам кај мајка му и живее сама на село – Животната приказна ... „Имаше страшни моменти додека ги растев ќерките. Се случуваше да јадеме бисквити...
Миа Костова за летувањето во Ердек: „Тијана има стан тука, влез на приватна плажа е меѓу 600 и 1.500... „Цените до лани беа супер евтини, годинава се како во Грција. Има лахмаџун ...
Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...
Ирина Дишовска објави дека чека второ дете со Павле Камилоски – 1 година по раѓањето на синот „Уште едно бебе е на пат“ – напиша Ирина Дишовска до фотките на Инстаграм, со ко...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...
Тања од Скопје нацртала 35 камчиња и ги оставила на грчка плажа: „Реакциите на луѓето кои ги наоѓаа ... „Идејата ми дојде откако претходно на Водно син ми најде нацртано камче од девој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg