Спектакуларна фотосесија на Македонка со падобран на плажа во Ирска
- Детали
- четврток, 09 март 2023
Марија има сопруг од Даблин и поради тоа Ирска ѝ е дом речиси две децении. Но, оваа Македонка успеа таму да изгради свој успешен бизнис, а сега направи и фотосесија од светски ранг.
На Марија Аслимоска од Скопје речиси две децении Ирска ѝ е дом. Љубовта ја одвела таму, но оваа мистична земја со сета своја убавина ја задржала да остане.
Марија веќе една деценија има и свој успешен бизнис, односно е сопственичка на малата парфимерија „Парфумарија“ која е на сите must visit листи на места во Даблин.
Во неодамнешно интервју за CRNOBELO.com Марија откри: „Мојот локал „Парфумарија“ денес е едно мало катче во срцето на Дaблин, за кое се има пишувано низ целиот свет, во реномирани водичи и списанија како како „Lonely Planet“, и „Vogue“…“
Марија се обидува да го промовира својот бизнис на секој можен начин, а сега направи спектакуларна фотосесија со падобран на плажа во Ирска.
Нејзиното мото е: „Посветена на парфемите, флертува со модата.“
Дел од фотографиите:
Како изгледал процесот на правење на фототсесијата:
Прочитајте повеќе за животот во Ирска - Марија од Скопје: „Пред 20 години се вљубив во Ирец, веќе 10 години имам магична парфимерија среде Даблин“
С. С. | Црнобело