Јелена Спенџарска: „Некогаш Солун ми беше само викенд дестинација, не ни сонував дека ќе треба да останам таму засекогаш“
- Детали
- понеделник, 27 февруари 2023
„Ни во најлуд сон не замислував дека човекот во кој сум вљубена ќе ми рече ‘остани засекогаш’“ – напиша на социјалните мрежи нашата ТВ водителка Јелена Спенџарска која неодамна најави дека планира да се сели во Солун кај нејзиниот дечко, Лукас.
Понекогаш не сме ниту свесни како животот може да ни се промени и да не однесе во сосема неочекуван правец.
Таква приказна раскажува и Јелена Спенџарска со нејзините објави на Инстаграм во кои раскажува како сосема неочекувано градот што во минатото ѝ бил само викенд дестинација наскоро ќе стане нејзин дом.
Нашата водителка Јелена Спенџарска неодамна потврди дека планира да се пресели во Солун, каде што ќе живее заедно со саканиот Лукас, а сега на социјалните мрежи сподели една стара фотографија од претходните посети на Солун во 2017-та година и до неа напиша:
„Времиња кога Солун ми беше викенд дестинација 3 – 4 пати годишно и ни во најлуд сон не замислував дека преку две улици од овде еден ден ќе го пијам своето кафе понеделник наутро со човекот во кој сум вљубена и ќе ми рече – ‘Остани засекогаш’. ОМГ сè е возможно во животот“.
Инаку водителката во последниот период постојано беше на релација Скопје – Солун, откако се вљуби во дечко од Грција.
Таа редовно објавува нивни заеднички фотографии на социјалните мрежи, а во една прилика кажа дека честопати добива коментари за тоа колку тие двајца си личат.
Б. С. Б. | Црнобело