Јелена Спенџарска за темните дамки на лицето: „Требаше да почнам да ја третирам мелазмата порано“

„Нема песимизам, нема никогаш нема да ти пројде, џабе се мачкаш... Ова го пишувам затоа што луѓето многу често знаат да се обесхрабрат од неуспешни приказни од други луѓе и да ги фрлат во корпа сите свои надежи“, напиша Јелена Спенџарска.

jelena-spendjarska-za-temnite-damki-na-liceto-trebashe-da-pochnam-da-ja-tretiram-melazmata-porano-01.jpg

Јелена Спенџарска отворено зборува на многу теми, а така е и кога станува збор за здравјето.

Таа откри дека се соочува со мелазма. Во нејзиниот случај станува збор за појава на потемна кожа на делови од лицето.

jelena-spendjarska-za-temnite-damki-na-liceto-trebashe-da-pochnam-da-ja-tretiram-melazmata-porano-02.jpg

Мелазмата е вид на хиперпигментација која почесто се јавува кај жените. Се јавува во вид на големи, темни подрачја како дисколорација на лицето, иако можат да бидат зафатени и други делови на телото.

Причините за појава на мелазма се различни, a e поврзана со производството на пигментот меланин.

Прекумерното производство доведува до појава на хиперпигментации, заради што настануваат темни дамки, додека пак недоволното производство има спротивен ефект, односно дамки без пигмент на зафатените подрачја.

jelena-spendjarska-za-temnite-damki-na-liceto-trebashe-da-pochnam-da-ja-tretiram-melazmata-porano-04.jpg

Исповедта на Јелена на оваа тема на Инстаграм Стори гласи:

„Мислам дека за месец дена максимум ќе се повлече уште повеќе, практично ќе го снема.

Ја сменив целата рутина на лицето. Чистење двапати дневно, досега немам промашено, хидрокинон 4%, ниацинамид и крема со заштитен фактор, најмалку 30-ка.

Толку. Нема песимизам, нема ласер, нема никогаш нема да ти пројде, џабе се мачкаш, нема витамин Ц и уште не знам што...
Секоја кожа е различна и нешто што ви помогнало или не ви помогнало – се однесува само на вас и крај.

Ова го пишувам затоа што луѓето многу често знаат да се обесхрабрат од неуспешни приказни од други луѓе и да ги фрлат во корпа сите свои надежи.

jelena-spendjarska-za-temnite-damki-na-liceto-trebashe-da-pochnam-da-ja-tretiram-melazmata-porano-06.jpg

Мора да истражувате и да видите што ќе функционира за вашиот проблем, што и да е тој, мора да има нешто. Најлесно е да се откажете.

Единствено што јас требаше да направам е многу порано да почнам да го третирам ова. Уште пред две години кога првпат ми се појави првата точка и јас не ја сфатив сериозно.
Минатата година се прошири и бавно, бавно дојде до ова.

Меѓутоа за сè има спас. Има случаи кога мелазмата се повлекува и сама од себе. Мојава не е таква, ама ќе ја средам“.

jelena-spendjarska-za-temnite-damki-na-liceto-trebashe-da-pochnam-da-ja-tretiram-melazmata-porano-03.jpg

jelena-spendjarska-za-temnite-damki-na-liceto-trebashe-da-pochnam-da-ja-tretiram-melazmata-porano-05.jpg

Напомена: Доколку се соочувате со ваков тип на здравствена состојба, задолжително консултирајте се со доктор

Прочитајте и Марис за естетската корекција на увото: „Процедурата е безболна, ја правев во Државна болница кај д-р Игор Пеев“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Забавно видео на Јелена Спенџарска за шопингот со мајките: „Не фаќај ништо, ќе треба да плаќаме ако ... „50 евра за скинати фармерки? Јас ќе ти ги скинам дома без пари!“ - Јелена Спенџ...
Јелена Јованова се породи со второ дете – бременоста повторно ја чуваше во тајност Братот на Јелена Јованова потврди дека актерката го добила своето второ дете, а ...
Јелена Спенџарска на гости кај другарка на Санторини: „Ова е рај, не е реално колку е убаво“ „Не се плашете кремата која што ја ставам потемнува на сонце, раните се во ред“ ...
Прва фотка од второто дете на Јелена Јованова и тајната бременост (го откри името на синот) „Нашата нова животна сила“ – напиша актерката Јелена Јованова Периќ, до фотките ...
Љупка Митрова: „Моментот кога решив да ставам крај на бракот е моментот кога решив да почнам да се с... „Моментот кога решив да ставам крај со партнерот со кој сум поминала 15 години и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg